таа (зам.) - кутар (прид.)

Војник не сакаше да им оди, а таа кутрата, господ да ѝ прости... - рече Божана - ѝ се стегна грлото и дури одкако ѝ потекоа солзи од очите, бришејќи ги, изговори некако:- Се обеси.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И таа кутрата го чу лаењето, ги опре нозете, ја крена главата, ги начули ушите и почна да се тресе од страв.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Сето внимание од брат ѝ го одземав, а таа кутрата, невина.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
„...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кога ја погледнав мајката за поддршка, таа кутрата, научена прв и последен збор да има маж ѝ, само безначајно кимна со главата и срамежливо се насмевна, исправајќи ја престилката во скутот и гледајќи некаде пред себе.  „Така мислиш?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Вели жената е подвижна нива, понекогаш сама сака во неа да се фрли семе за да се види што ќе никне, ама што да се прави кога, што да прави таа кутра нива кога и насила се фрла семе во неа?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И таа кутрата ќе беше среќна што синот најпосле се враќа, но едновремено со притаена и изгубена гордост што тој повеќе не ќе може да им помага на Палестинците.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Само дописникот на југословенската новинска агенција (Танјуг) со седиште во Алжир, со кого се познавав уште од деновите на новинарството во младинските весници, ќе ја објавеше веста за прошталниот прием кај Арафат, која ќе стигнеше сигурно до мојата Мајка.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Единствено другарката Оливера Срезоска не си дозволи таква слабост, за цело време си остана закопчана, цврста, во редот, во стројот, иако и таа кутрата изгледаше мошне измачена и бледа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
А таа кутрата, со непогрешивиот инстинкт да ја одржи рожбата, јасно и природно му рече дека може да се случи да изумрат децата додека дојде денот „Д”!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Дури ни јас не ти бев најдобар пример бидејќи и самата сметав оти е доволно да клекнеш пред светата мајка од иконата и да ѝ ги раскажеш своите патила, а колку ќе може таа кутрата толку и ќе ти помогне.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во таа кутра Европа, која ја очекуваа нови граници, ѕидови меѓу исти народи, граници помеѓу вери.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Па сепак, додека да ја издадат собата, понекогаш би дозволиле... арно ама, нека кршат глава, само никој да не дознае! Понекогаш...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ах, нека се смилуваат, нека се сожалат на таа кутра мајка којашто пекаше оддалеку, крадешкум, да ги гледа своите дечиња!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)