таа (зам.) - ист (прид.)

Како едно живо сушстество може да биде толку неразббрано и неразумно, си велам иако и таа истото го мисли за мене со некои свои причини што исто така ме нервираат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
„Еднаш, уште пред години, крв беше паднала за таа иста вода“, рече тој колку што е можно поговорнички, „кога сопотскиот старешина, со помош на луѓе од Реснанскиот сарај, за рушвет, се обидел да ги сврти изворите кон нивниот синор. Тогаш, а камоли сега!“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Жими живиот Бог, ги гледа; тука, во сокаците на сиромашките маала, ене ги гледаат како на амалски колички некои нови луѓе ја довлекуваат скромната покуќнина и под присмотра на полицијата се населува во нивните испразенити домови, ги забележува во покриените чаршии на застанати како по навика покрај своите празни тезги во кои продаваа и тргуваа, во замолкнатите синагоги, на Плоштадот на слободата на кој, му раскажуваа сведоци, во 1908та на десет јазици солунските мултинационални сојузници на младотурците ги прогласија заедничките идеали за слобода и еднаквост според светлите европски примери, а 34 години подоцна, солунските Сефарди го доживеаа своето прво понижувачко ропство, од некои нови и отровни изданоци потекнати од искривоколчениот дух на таа иста Европа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На Плоштадот на слободата, во покорениот град, на потклекнатиот Балкан, во згазениот континент.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
За да го заплашат овие „Грци“ „Бугаринот“ Толета, влегуваа оружани со една мартинка в раце, која на вратата ја менуваа таа иста пушка, бидејќи само таа беше во селото, но на Толета му се стори дека има најмалку педесетшеесет такви.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но пријателите Гуле, Гуце, Тодор, Марко и друга му дадоа да разбере дека селаните се оружани и ако почне да прави некои лудории како што си имаше обичај порано, ќе го врзат и ќе го предадат на бимбашијата, којшто толку пати ги советува, та дури и замоли да му го предадат Толета: голем бакшиш ќе добиеле.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Би можело да се рече, нас­проти Гринберг, дека суштината на модерната се наоѓа во упо­требата на најчудните методи и начини на мислење за една дисци­плина за таа истата дисциплина да се критикува - не само да се поткопа, туку да се прошири, да се збогати, да се отвори на други полиња за размислување или дејствување.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
А Гринберг (Green- berg), изјавувајќи дека „суштината на модерната се наоѓа во употребата на методи карактеристични за една дисциплина за да се критикува таа иста дисциплина - но не со цел таа да се поткопа, туку уште повеќе да се зацврсти во нејзиното поле на компетенција”, воопшто не ја предвидува, а и со право, иронијата, значајна, а истовремено толку антимодернистичка состојка на модерната.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Истакнувајќи ја природата како врвен систем на организација на сето постоечко, во чии рамки функционираат нему толку милите и блиски принципи на случајност, неинтенционалност, ненасоченост, промена, повеќеслојност и меѓусебна проникнатост, Кејџ дојде до ставот дека во уметноста е можно да се повлече паралела со природата во начинот на нејзиното делување и дека уметноста треба да ги следи тие принципи, бидејќи единствено така може да стане дел од таа иста природа и животот, кој е инаку нејзина највисока цел и барање.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
При своето повторно одење на Black Mountain колеџот, Кејџ со Роберт Раушенберг, Марс Канингем, Дејвид Тјудор, Пол Вилијамс, М. С. Ричардс и со уште неколкумина пријатели го организираше својот прв хепенинг.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сите овие квалитети, иако неартикулирани, Кејџ ги наоѓаше во природата, во нејзиниот начин на функционирање.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
" Тој еднаш, при едно вакво раскажување на таа иста случка, не се воздржа и рече: "Тоа мора да ти е некаков знак", рече, уфрлувајќи се во нејзиниот разговор со пријателката со којашто таа последно време многу се дружеше.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
А другион дел од настанов, или непогодица наречи го ако сакаш, што се случи помеѓу мене и таа иста Стојна во наши денови, мислам на оној случај кога наврати во мојата соба во Бањи дури откако бев пензиониран, не можев да го протолкувам поинаку одошто само како нејзино навраќање кај старата љубов, за да чепне уште малку, се разбира нешто ако останало од таа стара љубов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Си помислив: таа вдовица, јас пензиониран самец, се враќам во Бањи по толку години; Стојна веројатно ми доаѓа заради сите оние силни љубовни спомени а можеби и заради она мое конкретно ветување од пред војната дека ќе биде добродојдена и убаво измилувана секогаш и секаде се разбира според желбата на нејзината снага.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За мене, за заречениот ерген, појавувањето на таа иста Стојна на мојата врата по полноќ, не беше ништо друго туку почеток на втор дел или продолжение на приказната што веќе беше набележана.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Светликавата птица ѝ го одзеде здивот поради блискоста, и таа истиот миг како маѓепсана стоеше таму, гледајќи ја птицата, што беше мала колку молец, како лета кон цвеќињата со клун што е танок колку игла.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А таа беше задоволна кога и нејзината партија беше задоволна и кога таа иста партија ќе ѝ кажеше дека треба да биде задоволна, затоа што на општо задоволство ја извршила партиската задача. ***
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во кршот распален од жегата и испран од дождовите осамена, гола и тажна стои таа иста угорнинка и тоне во длабока тишина...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но, не значи ли тоа само неефикасна закана со побожни фетиши да ја избркаат несигурноста на сегашноста?” (Bruckner,69) Margina #32-33 [1996] | okno.mk 109
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
1 „Ни недостасуваа крстоносните војни, конечно ни се пружи убава прилика, но таа војна допира длабоко во нашата приватност и предизвикува пеколни маки или небесно блаженство: според тоа дали ќе слушате Bach или Mick Jagger, ќе бидете спасени или проклети.“ (Bruckner, 62)
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Само така можеме да разбереме дека некои ја негираат масовната култура и забава во име на 'високата култура' со подеднаква непопустливост како и Црквата што некогаш ја осуди таа иста култура во име на „светата вера“, и дека на моменталните успеси им го даваат за пример бесмртниот Racine и Monteverdi и при тоа ризикуваат тие великани да ги осамат во царството на совршеноста.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога на неговата рака веќе не ѝ беше потребна поткрепа, таа иста рака ме турна во очајот, како во вакуумски простор, во кој со подеднаква брзина, со подеднаква бавност, паѓаат и пердувот и оловото, и крвта и душата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во тој вакуум едни во други постојат сите преживеани очаи; низ новата болка болат сите претходни; низ мојот сегашен очај ме болеше очајот на моето детство.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Поетскиот хуманизам (а тоа е чинам вистинскиот збор за она што ја покренува и усвитува прозата на Чинго) во името на кого авторот толку дискретно и толку ненаметливо прозборува за човечките судбини на својата избраздена пасквелска земја е само еден од видовите на растреперениот и честопати трауматизиран сензибилитет на модерниот човек пред сето она што таа иста современост во својот незапирен победнички настап го донесува како перспектива и ослободување но и како страв од нови опасности и беспаќа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
А јас, под таа иста вода, ќе ги следам мазните столбови на храмовите, студенилото што надоаѓа од длабочината и ја руши таканаречената моќ на говорот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Како да не беше таа истата.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
— Па добро, кад ти хоќеш шуму онда буди шумар у твојој шуми, — му одговори началникот и му стави во задача сега пак тој да ги брка комитите во таа иста шума, во која него толку години го бркаа мулазимот, Рашид чауш и Шарен Мустафа, а во последно време братучед му Бино.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Имаше некаква мистична сила која ја тераше да си оди дома, во својот мртов дом, но таа иста сила и ја задржуваше да остане во куќата, со денови да не излегува.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
На крајот на таа пијана ноќ, или поточно во утрината, се разбуди токму на таа иста софа.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но покрај исчезнатиот понеделник, кој толку јасно укажуваше на злата намера на другарот Јаким поттикната веројатно од неговата секретарката Ботка, постоеше уште и оној блескотен камен на белезицата што се наоѓаше на раката на таа иста Ботка а тој, за среќа (или за несреќа) ја беше забележал.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ми беше сосема прифатлива помислата дека не сум во состојба којзнае што да преземам, па затоа и одлучив сè да заборавам и веднаш да се зафатам со воспоставувањето ред во минувањето на времето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ако не била заклучана и ако не бев тропал на таа иста врата (можеби со денови), зошто на многу места на десната дланка заедно со болката израснале и плускавици, слични на зрна од црно грозје?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Од дома ја зеле, од постела, и ја пикнале во најтемната дупка на занданата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Извини, сè ова што сега го велиш и што ќе го кажеш и другпат во врска со таа побуна на жените, можеби е и точно; можеби твојата Партија умеела да го искористува народниот гнев и тоа во полза на народот, но не смееш да го одречеш и тоа, дека нигде не е запишан ќотекот што таа иста вечер го изела Рајна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Извини мамо, ама имаше нови лулашки и после тоа отидов кај Мони и кај Бистра за да им кажам дека има лулашки и да не се качуваат на мостот затоа што е премачкан, оти така ми рекоа чичковците сабајле кога ги видов како ги местат лулашките и, - мајка ми тука ме прекина.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се сетив дека таа истото го кажа пред мене, ама немав како да ѝ докажам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тројца сме: едноит го врзува коњот и потпевнува, другиот ја гледа таа иста месечина што некој, заминувајќи си, морал да ја остави тука, третиот осознава дека огнот е семе: од неговите искри се множат оние кои допрва ќе горат.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)