таа (зам.) - кон (предл.)

Се обидувала, кутрата, кога веќе не успеал со едниот, тогаш баремдругиот син да замине во Цариград, преку нејзиниот роднина Фетхи-беј Окијар кој ѝ бил единствената врска со нејзиното семејство, кога тие заминале во Турција а таа кон Езерото...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И ќе ви кажам: и Учителот наш ја љубеше Магдалена толку што прво пред неа се појави за да ја утеши во болката нејзина по него, оти знаше дека највистинска е љубовта што ја има таа кон него.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Оти кажано е: кога гордоста ја почитуваш, таа кон тебе свирепа е и сурова, а ако само собереш сила да ја презреш, ќе ја скротиш. Но јас сила таква да му се спротивставам – немав.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тоа само ќе ја вознемири, особено поради тоа што таа кон оваа приказна се однесува како кон своја лична работа.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Сега веќе беше сигурен - ни таа кон нив.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Оваа до него е Кристина. Кристина беше а и сѐ уште е негова курва.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Таа кон мене се однесуваше како Конан Варваринот и беше убедена дека е нова Лиз Тејлор. Каква заблуда, Тики.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Речи му и ти нешто, се сврти таа кон мене и бесрамно ми намигна изгледа најмногу си упатен во утехите што ѝ се потребни на љубовта.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Го рече ова, скокна од мојот скут и отрча кон ходникот Тоа беше моментот што го избрав и јас за да избегам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Го поканив и нашиов пријател вечерва и тој да ни се придружи - се сврти таа кон Денко Самоников.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Не, не слушај го – се сврти таа кон мене - тој нема намера да ти напакости.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Со него сум - покажа таа кон мене - само затоа зашто ми се допаѓа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не знам дали знаеш колку е убаво кога си со оној кого го сакаш! - се задеваше и понатаму Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Навистина мислиш дека ништо важно немам да ти кажам?“, ги крена таа кон мене ококорените очи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Господи, каква тврда жена“, се крсти моја Рајна и уште повеќе се оџарува.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)