таа (зам.) - без (предл.)

Таа без оглед на годишното време си беше пред училиштето, тука, пред куќата на учителот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
-„Со кои вредности ќе ги растете?“ Ако ги оставите без принципи, тоа е како на птицата да ѝ ги отсечете крилјата,а што е таа без нив!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Немее птицата меѓу ребрата вгнездена, Тивнеам и јас во ноќта ѕвездена, Што сум јас без птицата, што таа без мене, Двајцата замолчени, онемени, приземјени?
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Први се Коста и Атина Папастојку — тој е без една нога, а таа без една рака, и тоа ги зближило.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И само нарачуа да а прибера. Не може таа без мене.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ова беше нешто што ги надминуваше очекувањата на Едо и се потруди да скрие дека е вчудовиден од необичната изјава со која таа без колебање декларираше скоро натприродна моќ.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се прашувам, што ли е тоа лимон“ ? додаде таа без врска.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)