таа (зам.) - страница (имн.)

А како да не се отвори: на таа страница во болни риданија Рахела ги оплакуваше своите деца а дедо ми, наместо свеќа, тука оставил стракче мајкина душица кое во голема тага се сушело низ вековите и сочувало сила само тешките и позлатени капаци на Светото писмо да ги подотвори толку - колку да се чуе ужасот на пискотниците од Витлеем.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Двајцата сакаа што побргу да ја заборават и да ја избришат таа страница од животот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кој друг би можел на таа страница да несе нови податоци освен тој и Летка? Ако немаат друга работа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)