таа (зам.) - рака (имн.)

Почит само чувствувам за твојата мака, почит бескрајна кон таа рака, што тука ме доведе, кај што сум.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Кога таа рака не може да се гризне, се прифаќа! - рекол некој предок и семејството се најде со новиот Бог минувајќи во нови незамисливи искушенија.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Понекогаш дури и ја сонував таа рака, и во сонот ја подавав својата рака кон неа, и мојата рака удираше во ѕидот па се будев.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тогаш, во детството, очајот го ублажував со верувањето дека тегобноста ќе заврши оној ден кога ќе ја најдам таа друга рака, кога мојата и нечија друга рака, соединети, ќе тргнат заедно низ животот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во едно сум сигурна, таа рака во овој миг ја гледам само во тебе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа го стави својот образ на зглобот на таа рака и почна да плаче.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Подига таа раце и со дланките си ги допира образите. И брише, та брише солзи...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Имаше милијарди раце на светот, но оваа беше таа рака.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)