таа (зам.) - приказна (имн.)

Во последната порака му ја напишав таа приказна.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Љубовта кон Сања го внесе него во приказна во која тој веруваше и, од ден во ден, таа приказна ја прошируваше убеден дека сетоа тоа е така: дека нејзиниот брат е убиен.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Дури и навестувањето на насмевката кога таа вели: „Со што можам да ве послужам, господине?“
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во таа приказна, конечно, поверувавме и ние, иако само пеењето на птиците во гнездата на највисоките дрвја нè потсетува дека тој некогаш и бил тука.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Децата можеа да ја примат, а можеа и да ја отфрлат, таа приказна на старците.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Отсекогаш знаеше за себе дека е еден од оние, што ја имаа примено таа приказна од старците, таа дива молитва на луѓето од планинското село.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Губењето на целината на претставата за убавото за жал се случува токму тогаш кога ќе отвориме истовремено многу врати од тие разбранувани спомени па тие неконтролирано ќе нагрвалат, како незапирните води од поплавите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но и за таа приказна на мајка ми му немам раскажувано на Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога ќе се најдев неочекувано во таа приказна час ми се чинеше дека станува збор за еден ктаток миг, час ќе се издолжеше тоа мое присуство во приказнава цела една вечност, а кога гледам на времето како на денови подредени еден зад друг како да станува збор за поминување низ животот и секое подзастанување претставуваше нов детаљ што отвора нова врата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога му спомнав дека мајка ми ми нема зборувано за тој Боге од Бањи, Даскалов ме праша дали познавам некого од роднините на кои треба да им јавиме дека мајка ми починала.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Па, каква беше таа приказна што му била онолку предобра на Нешнал ривју што да не може да почека ниту еден ден?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- Веројатно и мене ме имате вклучено во таа приказна за Летот на Пеперутката, и тоа како нејзин сопатник?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Не ми се допаѓа таа приказна, измисли поубава, - се побудни Бреза.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Таа приказна уште веднаш почна да се обликува прво како Еден запис, потоа како Единаесет жолтици за двата текста да се спојат во едно и да станат Бели ѕидови и сосема на крајот да останат само Ѕидови, прва моја книга иако е објавена како трета.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тие ми ја раскажуваат својата авантура, а јас им велам: „Не, не верувам дека од таа приказна би можело да се направи филм”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Од града на града како од врв на врв, сите се радосни и весели во првите сто дена од таа приказна.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Аванти пополо, кон подножјето на приказната дека иднината на љубовта, а и на светот, се темели на писателската фантазија.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Над сите тие настани како да се лелееше некоја чудесна нестварност.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сум ја слушнала таа приказна, дека божем Партијата ја организирала побуната на штипјанки на Прочка!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дури и во весник напишаа твоите дека било така, лично прочитав.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И на однесувањето на татко ти кон таа приказна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во таа приказна, благодарејќи на мајчината љубов, детето се измолкнало од рацете на грдата судбина.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Малку појасно опишувам во тој расказ.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Проститутките не се при свест. Не се сеќаваат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Една од клучните работи во таа приказна е кога тој дечко сфаќа дека неговата девојка работи во едно од тие места, за да си купи подобар пар вештачки очи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)