таа (зам.) - можност (имн.)

Не ја искористив таа можност. Не ја гледав претставата.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во Њујорк, имав можност да гледам една театарска претстава, еден перформанс, кој што битно успеа да ги разбранува бурните духови на големото јаболко.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
- Ох, ужас! – свикав, помислувајќи на таа можност. – Ајде заедно да го бараме!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Фрањо беше малечок мрзливец што Лета многу го сакаше, но не баш толку многу и се грижеше за него. Ѝ се случуваше да не го нахрани навреме, или да заборави на него подолго отколку што би требало.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Затоа човекот треба да го држиш цел, со сите негови делови, што му се дадени, па и со страот, што му е исто така даден. Мислеше за таа можност да се плашиш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа е таа можност што ни е дадена и треба да се користи".
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како при дишењето. Како при искористувањето на воздухот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Не знам - вели - само знам дека мене ми се случи да поминам низ тоа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Впрочем и таа можност постои, иако негде далеку , во неодредената недофатливост.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Колку е тешко да се проживее, мамо? - ја прашувам а таа ми се смее негде од далечината?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И не беше толку страшно штом можеш да ме видиш волку насмеана.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Поедноставено, телото за него е средство на духот, нешто што спаѓа во надворешната човекова природа и што е можно и треба да биде овладеано со силата на волјата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Неговиот оптимизам во однос на таа можност на стари денови беше прилично уништен.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Зграпчувајќи ја таа можност, кампот својата антисоцијална естетика ја обдарува со политичка димензија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мислев и јас на таа можност но пругата токму таму е толку слаба.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Таму, каде што никогаш нема да пропадне она што еднаш веќе пропаднало, а сѐ пропаднало веќе еднаш, таму каде што сѐ е зачувано и заштитено во вечноста.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но, постои и другата можност – сето време да постои ‘некаде’ во вечна сегашност, во некоја друга димензија; постои таа можност во паралелно и синхроно пулсирање да постојат сите времиња, сѐ што било, и таму, во таа друга димензија, да се ‘преселува’ сѐ што сега е, и сето она што некогаш ќе биде; и само таму, и само така, при средбата на сите временски слоеви и сите егзистенции, сѐ ќе ја сознае сопствената смисла, онаа што ни е неодгатлива во ова минливо постоење.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А тој таа можност ја нема. уште како малечок се сврза со црниот живот на мајка си и заедно со неа подеднакво го почувствувал и го споделувал навредливиот бич на сѐ она нечовечко и зајадливо спрема нив.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но тој никогаш не ми ја дава таа можност.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Воловарчињата најмногу ја имале таа можност зашто секаде наоколу се просторни ридишта со богати пасишта врз кој овој летен ден сонцето припечуваше, а ветерот го повиваше чипецот и им ги палеше обравчињата на децата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И таа можност започна да вее од секој предмет што ќе го слушне, види, рече или помисли.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Зашто, луѓето и не можат да насетат колку има моќни и големи луѓе кои така, молчејќи и невидливо, а брзо, умираат во себе.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)