таа (зам.) - интелигенција (имн.)

Единствениот успех на таа интелигенција, судејќи по списанијата, се состои во тоа што таа не нуди било каква артикулација на вистински алтернативна концепција за културата наспроти државно-националната, и во тоа дека единствено успева да се занимава со сопствената позиција на исклучен политички субјект.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И така, првото нешто што ќе треба македонската интелигенција да го извојува тоа е: отстранувањето на недовербата меѓу интелигенцијата со разно национално и религиозно образование; обединувањето на таа интелигенција како во самата Македонија така и зад нејзините граници; заедничкото опсудување на општите интереси на Македонците; отстранувањето на национално-религиозната омраза; воспитувањето на Македонските Словени во чисто македонски национален дух; задолжителното изучување на македонскиот јазик и литература во средно-учебните установи во градовите со словенско население; обучувањето во селските училишта со словенско население на македонски јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)