таа (зам.) - дупка (имн.)

Волкот ја распрашуваше каде е таа дупка - и со свои очи да се увери дека Зајачето умрело.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Па, и потоа преташе, крвта негова, ама јас, штом ќе претнеше тој, веднаш во таа дупката што му ја имав отворено со анџарот во гушата ќе му натурев горешта вода.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И таму, во таа дупка на науката и во тоа дувло на парауката - што мислите, што размислуваше доктор Миха?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Парче дрво или метал, рачно изработена палка, шуплива во средината, во таа дупка со години околу 22 милиони Југословени ги туткале своите ливчиња - честитки за неговиот роденден - симболично пренесувајќи ја палката од рака во рака како залог за братството и единството.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сите други беа отепани, одрани и фрлени во таа дупката кулачка.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)