таа (зам.) - група (имн.)

Се разбира, не се бореа ни луѓето, коњите, како Крали Марко и Лутаца Богдан, ами ги удираа двете шишиња и чие шише ќе се скрши, таа група се враќаше и се придружуваше кон победничката, така што оваа стануваше поголема.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таа група, според информациите, имала посебна радиоопрема добиена од четничкиот командант на приштинската област, но сѐ уште не бил направен контакт. 56
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Британците се надевале дека таа група би соработувала со групата која требало да врши диверзии на железничката пруга Скопје-Велес.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Баба, и од друга страна бившата историја на антиципираната и пројоцирана иднина на таа група луѓе.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Меѓутоа, во полициските записници стои дека на 4.11.1890 год. во една поголема група сослушувани ученици и студенти од Македонија бил и Хаџиташковиќ и дека дури утрето и таа група го напуштила Белград.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јазикот не е возило што ги разнесува комуникациите напред-назад меѓу индивидуалните умови; тој е координација на физичките околности меѓу членовите на една социјална група, што го задржува структуралниот интегритет и на социјалната група и на индивидуалните членови на таа група.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Правилата раководат со формирањето на таа група и операциите применети во неа.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Дали ќе бидеш ти во таа група.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
И, додека оние од градот влегуваа во дворот со својата музика, овие ги надвикуваа со пеењето, без разглас, со песните на „Синтезис“, само што таа група не постоеше пред триесет години.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Сега не беше младич, но она ластарестото сѐ уште ја оптегнуваше неговата тенка, пегава става во излитена англиска блуза со боја на пожолтени дабови лисја, а Змејко немаше време да направи ниеден чекор кон таму, кога оној веќе стоеше до него, во средината на таа група крај колите и тие си ги тресеа рацете еден на друг со онаа наеднаш повторно родена жестокост, која сѐ повеќе растеше и стануваше пак дива и разврескана во нив, продолжувајќи сето време да се потчукнуваат по рамената, уште пожестоко, а денот дури сега навлезе во неговите очи и го заслепи, просто го исполни сиот, така што тој сега речиси сети како е тесен во себе за да го прими тој убав планински ден наоколу, додека некој од селаните крај него рече: „Змејко е печен, вечер се запишува в Задруга“, а тоа сега воопшто не беше важно, беше толку далечно од него, како да било во еден сосема подруг живот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Најпознати уметници од таа група се Asger Jorn и Carl Henning-Pedersen од Данска; Karel Appel, Constant, и Corneille од Амстердам; и Pierre Alechinski од Брисел.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Заедничката карактеристика на уметниците од КоБрА е нивната тенденција кон слободна експресија на себеси, преку директна и сетилна интеракција со светот, демонстрирана во начинот на кој тие ги обработуваа сликите и ги комбинираа материјалите. Margina #21 [1995] | okno.mk 111
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во своето Идеално Јас субјектот се гледа со очите на својата старосна група, се гледа онаков каков што би морал да биде за да ја заслужи љубовта на таа група.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И од тој ден веќе не бевме деца на мама и тато... бевме деца на грчките партизани, деца на генерал Маркос, бевме група на Евгенија, на Марија, на Лина, на Тина и не се велеше децата, туку таа и таа група да дојди, да оди, да се построи на ред за појадок, за ручек, за вечера... бевме група во која немаше име на дете, туку бројче изрежано на метална плочка со ликот на Маркос и на синџирче ја носевме обесена на врат30... а потоа, далеку на север, бевме детски дом број 1, број 2, број 3... и потоа одделеније, па клас... и ретки беа писмата што стигнуваа од дома... ...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)