таа (зам.) - вода (имн.)

Останаа песните Што ги грамадев За тоа небо За тој ветер За таа вода. дрво Дрво жолто, Дрво тажно Тажно дрво Тебе в кора Мене в срце Ми е Црвот. кредо Ме маѓепсува Тајното Ме спасува Сјајното. посакав да бидам друг Посакав да бидам друг Другиот посака да биде Јас Сега во себе ги носам И едниот и другиот Тој. до чедо Јакимовски Ти јавувам: Гугучките Испилија три Во клуновите семе Од твоите рими.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Сега ја пиеме таа вода и се колиме меѓу себе. Крошните знаат...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Зарем и јас самата почитуваната spec. не е таа вода, што се прелева од неспокојство во бес, од бес во рамнодушност.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Од таа вода и јас се напивам и од тој леб јадам, и му се молам на Господа пред денот на Потопот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Или пак Архимедовиот закон за подеднаквото количество вода што го истиснува секое тело потопено во таа вода.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Од таа вода низ кожата ќе пробие зелена тишина - мека трева, зелен покрив над пресен гроб.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Пречи. Но, бигадирот Језекил сега загази до коленици во таа вода и мораше да продолжи да гази.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Знаеш дека таа вода мириса?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Можеби тоа беше само нејзината испробана метода да ме наговори да влезам во водата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога ќе ѝ ги спомнев на Таша приказниве што ги имав слушнато за војникот и белиот коњ таа ниту ќе потврдеше, ниту ќе одречеше. Само очите ќе ѝ потемнеа. Ќе одмавнеше и со раката.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Некои жени велеа дека смрдела но јас мислам дека мириса од тревите што виреат во млаката вода.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мајка ми многу често велеше: во таа вода има најмногу сонце.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А се случува богами напати таа вода да се престори и блатиште по кое потоа со денови ќе газиме и ќе си го валкаме умот“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таа вода го полнеше Чочкин Вир каде се капеа овците пред стрижење, а во него сите селски деца што стигнуваа до него се учеа да пливат во прво време држејќи си го носот стиснат со два прста додека не се излезе на другата страна.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Како тој миг и самиот да се претвори во дел од таа вода, потона во ноќта.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Јас сѐ уште ја гледам таа вода. Кејтеновиот сон, нашиот сон.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Ама - повторил истиот ѓаол, - ако тој би знаел да одит ето на кој извор, да се измијат, очите пак би му оздраиле, и ако од тој извор се измијат и царската ќерка, и таја би оздраила од крастата; и ако од таја вода би туриле малу на мостот, и тој би се застојал и би се сврзал.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Утрината, шчотуку се обзорило, слепијот слегол од дреото и полека - полека ошол прв прао на изворот, шчо кажвел ѓаолот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Си измил нозете од таа вода и се сторил од нозе до појас сиот сребро.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Арно, момче, сакаш да бегаме одовде и јас за бегање сакам, за да не бидам во оваа апсаана; арно ама треба да знаиш оти старио ќе ја вјавнит маската и бидејќи тој јет појунак, ќе нѐ втасат и ќе нѐ вратит.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Кога го превратиле на плешчи, да го бијеет, тоа се опулило на угоре, и го видело на дреото качен брата му на оздравенијот слеп, та извикало: "Стојте, стојте!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
А тој, големијот како разбрал оту ослепениот брат оздраил, парите и нашол, мостот се напраил и цареата ќерка се излеквала, многу се разљутил и £ опитвал друзите ѓаоли: „Кој, аџиба, му каза на ослепенијот брат да се измијат од таа вода, та да оздраит и да и најт и парите?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И за зарек ѝ кажав да тури војца во пајнца и во пајнцата уште три лајчиња и три жарчиња и да измие три прага од куќата со таа вода и со таа вода да му ги измие градињата на детето, и да му тури малку во устето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)