таа (зам.) - болест (имн.)

Секој човек си има по некоа мана и по некоа болка, токо нека се живи пријатели, има болести, има и лекови. Ако к'смет ќе а лекуаме таа болес ваа вечер.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
За среќа, таа болест се лекува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И што е најзначајно, во еден омаж што ќе му го искажат неговите благодарни потомци, ќе биде истакнато дека нему ќе му биде туѓ секаков пуризам, таа болест на слабите, загрозените и, што е најзначајно, неговиот став кон турските зборови ќе биде ослободен од омраза и комплекс на помала вредност продолжи Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Не, не е она на што помислуваш ти. Таа болест нема видлива рана. Тоа е болест на душата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Целиот свет е наразен од таа болест.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тогаш се расчу оти во Америка излегол некој лек за таа болест, не знам како се викаше...“ „Пеницилин!“, рече авторот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Таа болест честопати преоѓаше и кај здравите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Поради тоа ќе треба самата да измислам некој нов термин, за некаква нова болест што ќе ме карактеризира само мене (хмм... којзнае дали ќе можам, дури и свински грип измислија), ... и јас, така да речам, ќе бидам основачот на таа болест.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Така, утре, после, мноооогу години, таа болест ќе биде позната по моето име. И така бидна.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
И не е ниту важно, но... да не беше таа болеста од која изумреле динусаурусите?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Почитателите на поповото враќање во минатото се сомневале дека така едноставно се умира без куршум и без тресок на железна круша со мал вулкан во себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И не сонувале, меѓутоа Доситеј Давидовски тоа негде го прочитал, пред многу стотици години таа болест со еден замав покосила половина жители на Европа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Никола спомена болест што доаѓа кога човек ќе се најде под игли на темнолилав дожд среде планина, нешто што е и мраз на коските и срам на слабост во месото, но јас, како да не сфаќав за кого се говори, не прашав какво име има таа болест и која света трева ја извлекува со пот од болниот, ти велам: бев само сам, самјак, осаменик, се грчев под тежина и се сеќавав на жената што ме најаде или се обиде да го стори тоа пред да ѝ го видам грбот во отворената врата на собата во која се влегуваше преку чардак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во ноздрите ми се стврднуваше врел воздух.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чинам заедничка беше таа болест.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Јас не плачам. Сите жени на оваа маса носат очила. И пушат. Мензата е како оџак.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ја имам таа болест - сум читала за тоа - од која очите ненормално се сушат. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 192
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сѐ уште не сум мажена затоа што не сум го нашла правиот човек.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И ме прашуваат, Како ти оди љубовта, душо?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)