сѐ (зам.) - заедно (прил.)

Но она што ми остави пламенче надеж во душата дека сепак не сум ја прекинал папочната врска со Него беше тоа што додека го слушнав Филозофот како го растолмачува записот со логотетот, забележав дека уката таа подобна сосем е на уката моја на создавање на едно цело од многу здробени нешта, на камчиња подредување, на мозаик сочинување, и преподавање сказанија, што сѐ заедно еднакво е на плетењето мрежа пајакова: сѐ на свое место, сѐ во свое време, оти секое нешто си има свое време и место на лицето од земјата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Долго време, кога бевме сите заедно, Семејството со – Татко жив, крај Мајка – ни беше, на Балканот, и наша држава, и наша нација, и наша вера, и наша идеологија, и сѐ заедно.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Јас и сега со сигурност не можам да тврдам кој беше тој црвец што толку многу ги подјаде детските срца, - гладот ли, стравот ли, казните ли, секојдневните понижувања, студот ли, можеби оценката за карактеристика, можеби стројот и тој проклет ѕид, а можеби сѐ заедно, но од сето тоа едно беше јасно како ден, - потскажувањето, кукавичлакот и злобата почнаа да цутат во домот како ран компир.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
„Жал ли ти е што не ја турна?“ „Да. Сѐ заедно, жал ми е.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)