сѐ (зам.) - некој (зам.)

Цело поле е некако пристемнето, омарничаво, и сѐ некои дипли, дипли запурнина се наднесуваат над тебе и те притискаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сѐ со убава помисла и сѐ некој те возбудил со нешто: - но, каде си? - како си? - што си?
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Игуменот продолжуваше да им раскажува дека сѐ некоја несреќа го следела манастирот: токму кога ќе завладеела благосостојба во него - ќе зафател пожар и сѐ ќе збришел.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И сѐ некои тркалца ми се вртат пред очиве.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Проклет да бидам, што можев јас кога имав таков бесрамен дедо и ме учеше сѐ некои такви страшни, срамни работи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тоа време, признавам, сосема малку зборови знаев, и тоа сѐ некои лоши зборчина што никако не можам да ви ги соопштам, бидејќи сега им го знам нивното подлабоко значење.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сѐ некои такви недотамности сум кажувала.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)