сите (зам.) - ученик (имн.)

„Оти во другите деца не ми се гледа?" — се прашаше Нешка, кога влегуваше и фрлаше поглед во училницата, во сите ученици.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сите ученици забележија дека Крсте непрестајно се дружи со Стојана и Нешка и не можеа да си објаснат од каде дојде ова зближување.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По свршувањето на учебната година сите ученици — деца чии татксвци имаа сеидба — тргнаа на работа по жетва и вршење. Тргаа и Нешка со брата си Стојана.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Така сега Крле прескочи уште првата година во II одделение и со својата бистрина и надареност просто го зачудуваше како даскалот така и сите ученици, а најмногу од сите се чудеше и со особено задоволство се насладуваше Нешка, која сега немаше потреба на часот скришум да го погледнува, ами на секој одмор сѐ го дочекуваше заедно да излезе со него и брата ѝ Стојана и тројцата да си ги повторат задачите или да си играат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во први клас се запишиаа сите ученици што завршија лани четврто одделение, меѓу кои прво беше Толето на Бојана Жиовката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Каде ли ќе одат денеска сите ученици и професори од солунската гимназија?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Сите ученици се собрани во дворот на гимназијата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ѕвончето весело заѕвони и сите ученици ја напуштија училницата.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
И навистина; сите ученици се беа групирале пред автобусите и се готвеа за враќање.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)