сите (зам.) - убавина (имн.)

Потоа ветрот на времето во кралството мое се втурна и сите убавини кралски ми ги урна.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
На сите убавини што ни ги даде господ, како сами не знаевме да побараме...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
„Има луѓе што умираат праведни, има луѓе што умираат грешни”, им велеше попот: ”на праведните смртта им се јавува весела, а на грешните намуртена, страшна, лоша; луѓето се страшат од неа и затоа пред умирачката си го покриваат лицето со покривка за да не ја гледаат; смртта е како некој мајстор; турли-турли алати има: тесла, пила, секира, глето, клешти, сврдел, копан, затегач, турпија, скоби и многу други алати; најпрвин ќе зафати болниот од прстите да го разглобува со сите тие чешити алати: оди од зглоб до зглоб, и откако ќе го разглоби, почнува жилите да му ги сече, и најпосле ќе почне со секира да го мава по тилот додека не му ја земе душата; кога ќе му ја земе душата - ја носи право кај бога на поклонение, а потоа, еден ангел ќе ја шета душата открај-накрај на небото и открај-накрај на земјата за да ги види сите убавини; ќе ја носи по сите места каде што шетал човекот додека бил жив и ќе му покажува ангелот сѐ што чинел: добро или лошо; на четириесеттите дни ќе го врати човекот кај гробот и ќе му ја покаже мршата негова кај што лежела внатре; по четириесеттите дни, пак ангелот душата ја носи кај бога, и тогаш господ ќе му заповеда на ангелот да ја носи душата во рајот или пеколот; ете, затоа треба на умрените до четириесетте дни да им се пее на гробот и да им се носи задушница; со тие добрини може господ да се смилостиви и да им ги прости гревовите: зашто до четириесетте дни душата не му е пресудена на човека”.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
На овој степен, од клучна важност за шизофреничарот е да ги почувствува сиот шарм и сите убавини што почиваат во меѓупросторот меѓу внатрешното и надворешното, и на сето она што е опфатено со доживувањето и откривањето на она што навистина му припаѓа на сопственото јас.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Беше тоа едно многу добро, многу младо и многу пргаво јарче, ги имаше сите убавини на својот род и човек можеше само да го сака и да му се љубува на тоа како изгледаше, како порастено на оној врв, а и на сите негови инстинкти, но во следниот миг беше веќе доцна за сѐ друго, што можеше да се обиде да стори тоа со своите итри нозе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)