сите (зам.) - прозорец (имн.)

Првин се чу од едно место, а потоа од сите прозорци на касарната.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се доближувам до куќата од кумата, а гледам сите прозорци светат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од сите прозорци, од сите врати, од сите процепи на бараките, сите ѕидари и сите малтерџии го гледаа пак оној човек, оној Големиот Ристан, целиот заскокан, како елен, како ги дига и ги префрла камењата од старите гробови, како ги дофаќа и ги фрла сите тие огромни стари ќиури, како ги заиверува еден во друг и како притоа камењата испуштаат црвени огнила.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сите врати беа затворени и сите прозорци затемнети.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сите прозорци од каде што можеше да се гледа Големата вода беа соѕидани.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сите прозорци од собите во Гнездо гледаа кон паркот во средиштето на болницата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Паркот беше послан со мека трева, испресечен со патеки, покрај кои имаше клупи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Така, сите прозорци ги отворивме за да ја почувствувате планината!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ти ги љубам градите кротки на кои лежи студена жолтата каверна на ноќта да ти ги покренам двете гранки безлисни Слези подлабоко од тревите под нас е сѐ жолто Се нуркаме во заедничките длабочини по смислата на оваа долга ноќ што нѐ соединува во нашата брза љубов Што сме ние двајцата што крадеме од тишината кога молчат сите прозорци жолти Дали да се вратиме во нив како сомнамбули со парче смисла во очите Или да се препуштиме затворени во ова длабоко нуркање сред ноќта што нѐ открива со една утеха за сите мртви шумови што молчат од прозорците над тревите жолти
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Малку подоцна минаа покрај една куќа во една улица, покрај единствената куќа во тој град на мрачните куќи што беше осветлена со сите светла што продираа низ сите прозорци, без завеси.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)