сите (зам.) - можност (имн.)

Можеше да биде испарена, можеше да изврши самоубиство, можеше да биде префрлена на другиот крај од Океанија: најлоша и најверојатна од сите можности беше дека едноставно се предомислила и решила да го одбегнува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Наредени околу голема маса од патинирано оревово дрво, ги испитуваа сите можности да ме напикаат во некој бунар за мачење и, кинејќји од мене парче по парче, да ме присилат да изјавам во лента на магнетофон дека сум член на илегален штаб чии планови, во најстрога смисла, се сведуваат само на едно - закопување на политичките призраци и побратимување на Земјата со Него.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се изменија мислите и се разгледаа сите можности неможности.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)