сите (зам.) - дечиња (имн.)

На сите дечурлиња им обеси околу врат по еден ѓердан најразновидни бонбони, па и по некоја свирка.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Пела со восхит зборуваше за учителката, за неа таа била друга Богородица, сите дечиња за неа биле деца мои, исто како што ги нарекуваат нивните мајки, ја слуша и открива дека гласчето ѝ е милозвучно, лицето насмеано и мило, а тој само понекогаш ќе речеше дека не знае каква е неговата учителка, дека за тоа и тоа тие досега не зборувале, или дека нему подобро му е крај големата река отколку да оди на училиште.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Костадин си го крие лицето, не се врти на кај неа, таа му ги гледа само рацете со кои си ја чеша брадата, ама ѝ враќа За дечињава ми беше, не за мене, и не само за нашиве дечиња, за сите дечиња... сега се тука, во нашава Македонија... зар лошо направив!...
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Таа немаше ни братче ни сестриче. Можеби затоа ги сакаше сите дечиња како братчиња и сестричиња.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Зорица беше највеселото девојче во улицата. Си играше со сите дечиња. Со никого не се караше.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Првите дни машките фрлаа по некој и друг поглед во Нешка кога идеше со бацкови и Стојановци измиена, исчешлана, без прцле и цилувци, во ново кошулче, со ново гунче, подбрадена под гуша, но кога се виде дека ја вардат тројца, сите дечиња, и тие од I одделение па дури и од IV, не смееја да ѝ се опулат накриво, не пак да ја задеваат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)