сите (зам.) - година (имн.)

Помислувам дека сите години одеднаш ми поминале преку глава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си мислев често, кога ќе пораснам голема нема да дозволам што било да ѝ недостасува во сите години што доаѓаат...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Па и сега, еве, овде во собава во Маказар, во С. исто така, како и на мноштвото патувања низ светот, во разни земји и градови, низ сите години, стоеја и стојат раскинати кутии од бишкоти, разни наполитанки, чоколадирани и нечоколадирани, за да се најде, конечно, онаа запаметена, некупена и неизедена бишкота.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)