сите (зам.) - вода (имн.)

Сите води на светот капетанот Џек го славеле: само името кога ќе му го слушнеле корабите в море се давеле. И пиел капетанот Џек.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Последниве денови се слушнаа гласови дека властите, или некои луѓе од власта, сите води од рекичките и од изворите кај Дарванскиот предел што доаѓаат кон Маказар, ќе ги свртеле за потребите на некој рибник што некој бизнисмен ќе го градел на патот меѓу Ресна и Монастир.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тогива ќе да затрубат от небо седм труби ангелскии, и от тие труби ќе да се потресат небо и земља многу страшно, и ќе да падне слнце и месец и ѕвезди, а небо ќе да се свие како перде, и сите води и море ќе да се изсушат, а земља ќе да се запали да гори со силниј огин.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Со цветно венче на главата, со распуштена руса коса дури до појас, со огрубено лице, со полна кошница бисилкови кивчиња и шарени предена одеше низ Потковицата и на сите крстопати и покрај сите води, и кладенци, каде што поминуваа, каде што пиеја и каде што пладнуваа Турци, правеше маѓии, па така никој, ниту Турчин ниту христијанин злонамерник не смееше да ѝ излезе во пресрет, не пак да ја земе на подбишега и да ја злоставува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)