сите (зам.) - ја (зам.)

Оркестарот почнува мелодија која очигледно сите ја знаат, рацете се креваат во транс, а палмите се нишаат сѐ побрзо и побрзо.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Покрај тоа, таа веруваше дека сите, или речиси сите ја мразат Партијата и дека би ги прекршиле правилата, само ако мислат дека би можеле да го сторат тоа, а да не бидат фатени на дело.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кореографи, режисери, диригенти ѝ обрнуваат посебно внимание, сите ја ценат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Потоа, следуваше вообичаената роденденска песна која сите ја пееја во еден глас.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Додека го пиеше, воопшто не ја начнуваше темата која сите ја очекуваа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Од „Sapolin enamel“ (саполин емајл) го изведе анаграмот Apolinere Enameled; при дното испиша една криптична реченица: ANY ACT, RED BY HER TEN OR EPERGNE; на огледалато, над комодата, тој додаде слика на едно косо девојче што го бои креветот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кога анонимниот уметник ја оформи оваа картонско-лимена реклама за бои, тој потсвесно посегна по елементите од колективната потсвест која сите ја имаме.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И сите ја чувствуваат големата промена што го навестува плодот и итаат веќе по млечниот пат на латиците во воздухот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Сите ја сисаат, а таа и понатаму дава и раздава.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Се надевам дека ја видел барем онаа светлина која сите ја гледаат - на крајот!
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Мене уште долго, долго ми недостасуваше звукот што го правеа патериците на Александар додека тој многу внимателно се движеше низ дневната соба во куќата на татко ми, каде што престојуваше додека закрепнуваше од сообраќајката што за среќа сите ја преживеаја без поголеми последици.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Години подоцна, летото, кога дедо ми летна за Австралија, Александар допатува од Германија, го паркира „поршето“ пред куќата на татко ми и од багажникот ги извади моите први фармерки.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Се пушта абер наоколу, сите ја пробуваат, добива добра репутација.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Атмосферата во домот беше поведра, иако сите ја забележуваа замолчаноста и отсутноста на Јаков што траеше со денови.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И ако случајно нешто го натерало да се премисли, не можел веќе назад, веќе сите знаеја, сите ја чекаа таа смрт.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Крши си глаа од куќава надвор и уште еднаш да не ми те видат очиве! Сите браќа така је свикале сите ја исплукале.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Оф, брате, брате! Богоројца мајка и цар небесен да ме накажи мене и девет години да лежам болна, девет постели да искинам, ако сум ти го заклала јас детето, али друго зло ако сум напраила во куќава; а пак ако не сум напраила јас, таа што напраила да лежи девет години и дури да не земи проштење од мене, Госпо душата да не му ја земи!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)