сите (зам.) - вас (зам.)

Јас го погледнав и реков: „Со мене? Што се случува со мене?! Што се случува со сите вас?!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Далеку сум јас од своите таму преку морињата, незнаен и туѓ за сите вас, па и за тебе.“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Оние што беа будни се насобраа околу мене.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Бдеам над тебе, над сите вас. Сега слушај ме внимателно.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Цело време ги следам новостите од Европа и по малку се грижам за сите вас таму.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Да дадеше Господ една сипаница лоша да дојдеше и сите вас да ве собереше, та после векот едно да не пркне: овде да се роди, ама бело море и црно да препливаат таткови и мајка ви, тамо да видат челад; откако ќе видат челад тамо, еден Господ нека суди и еве јас си умирам".
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Така го собраа и семејството на Алегра, токму во време кога во градот почнаа диверзии.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Еден ден ме собраа и мене, како и сите вас, тука во Сајмиштево.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ги знае добро моите желби скришни и знам што сака од сите вас да скрие.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Поминале години многу, и јас сум со иње в коса, но сите вас сѐ така свежо во срцето свое ве носам.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
И мене, со сите вас, што ми преостануваше? Само бегство.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Видовме ние, во војната, маки за сите вас.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А за мене започнуваа маките со сите вас! – И што стори ти тогаш, Мајко? – запраша најстариот брат со возбудата што ја делевме сите. – Останавме сами, среде војната, во големата куќа крај Езерото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)