сите (зам.) - седи (гл.)

Во ќелијата имаше шестмина затвореници, мажи и жени. Сите седеа сосем неподвижно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не беше многу доцна, но родителите ги имаа облечено братот и сестрата во пижами и сите седеа во собата на долниот кат, затоа што само таа беше затоплена.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Тетка Олга, ве молам... - се обидов нешто да кажам, но тогаш го видов тетин Јован како влегува во тоалетот само по гаќи и по маица.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Последниот, најголем бран препотување го добив кога веќе завршивме со обилната вечера и сите седевме врз столовите, офкајќи од прејаденост.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сите седат, загледани во Дука и молчат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)