сиот (зам.) - испотен (прид.)

Кога се поврати од бунилото, сиот испотен, како да претрчал планини и планини, и додека си ги собираше душата и силите, наеднаш сфати дека денеска можеше да биде убиен; во гневот заборавил да ја наполни пушката и така, со празна пушка, се истопори пред Дамческите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во тој момент, за среќа, на вратата се појави татко ми, сиот испотен од тенисот и презадоволен што го победил чичко Славко со гем разлика.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Каска Богдан на раце и на нозе колку што може и се буди сиот испотен; ѕирка пак низ прозорецот како што пред малку ѕиркаше но гледа сега сосем расонет.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)