сиот (зам.) - свет (имн.)

Сега не постоеше ништо друго. Од ова нешто сиот свет беше изместен од неговиот видокруг, и мислата му беше целосно преокупирана со тоа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Култот на Јахве, според брат ми, меѓу Евреите го раширил мадијамскиот овчар кој имал исто име како и египетскиот водач - Мојсеј; но овој, вториот Мојсеј, под чие водство еврејскиот народ ја освоил земјата хананска, проповедал Бог кој бил потполна спротивност на Атон: Јахве бил обожуван од арабиското племе Мадијамци како „страшен, крволочен демон кој се појавува ноќе, додека избегнувал дневна светлина“; „суровиот, тесноград, локален Бог, насилен и крвожеден, им ветувал на своите поклоници земја ‘во која тече млеко и мед’, ги повикувал да ги истребат ‘со оштрицата на мечот’ нејзините тогашни жители”, сосема спротивно од проповедите на египетскиот Мојсеј кој на Евреите им дал “поинаква, продуховена претстава за Бог, идеја за едно единствено божество кое го опфаќа сиот свет, божество кое е исполнето со љубов подеднакво колку што е исполнето со моќ, и кое на луѓето како највисока цел им го поставувало животот во вистина и праведност”.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Иако “египетскиот Мојсеј никогаш не бил во Кадис ниту пак го слушнал името Јахве, а мадијамскиот Мојсеј никогаш не бил во Египет ниту пак знаел нешто за Атон”, тие останале запомнети како еден човек, затоа што “Мојсеевата религија ја познаваме во нејзиниот конечен облик, во каков што, да речеме осумстотини години по Ишодот, ја фиксирало еврејското свештенство”, а во тоа време двата Мојсеја веќе биле соединети во еден единствен лик, и Атон и Јахве во еден единствен Бог, во самиот себе различен онака како што се различни денот и ноќта, токму затоа што се два бога во еден.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Впрочем, не се тркаламе само ние во овие грозни црнила што зјапнале пред нас наместо иднина. Сиот свет.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ја чувствуваше многу добро и во себе онаа исконска прибраност пред тој висок снег, што го покриваше сиот свет; беше притивнат како едно од сите оние дрвја околу неговата куќичка, продолжуваше да трае, живеејќи само со некоја срцевина, провлечена како црвена врвца по најскриената средина на своето тело и на своите денови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ова е другиот глас, од сиот свет, што е со мене.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од бездна на кладенец шуртел чад и му ги затемнувал очите на изненаденото сонце што набрзо заприлегало како да ноќевало во стара баџа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Небото немало ни капка синило на себе, земјата пукала под тежината на гревови, чиниш сиот свет бил содомско-гоморска арена на блуд, на измами, на пакост и среброљубје.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во твоите очи се наоѓа сиот свет, таму сум јас кога светот ми се руши....
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Не грижи се. И кога мислиш дека сиот свет е против тебе - насмевни се.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Извесно време дланката од десната рака ја имаше положено на книгата, потоа ја отвори и почна да чита: “А сега да ти напишам неколку збора за нешто сосем друго: утврдив дека за време на подолг престој во затворот на чувствителните луѓе им се заканува опасност да станат огорчени непријатели, да почнат да го мразат сиот свет, отапуваат, ги обзема резигнација и стануваат премногу себични.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Постои вистина и невистина, и ако се придржуваш кон вистината, дури и наспроти сиот свет, не си луд.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога го симнаа здрвеното тело на дедото Костадин од вагонот со сиот свет во отворените очи, Пелагија се обидуваше да му ги спушти клепките, да му го истисне светот, за да не го закопаат со многу тежина.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
На сиот свет не постои град така голем, а така глупав како што е тоа Хјустон во Тексас.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
А јас, слепец, само неколку моменти пред говорот на корбачот ѝ го ветив сиот свет? За тоа Вртанов веројатно нема слушнато!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сакам да си играм со нив и да се борам со нив и да ги плукам и да ги тегнам девојчињата за прцлињата и да се ракувам со учителот и скришум да си ги бришам рацете од капутите во гардеробата и сакам да пораснам и да патувам и да се ракувам со сите луѓе од сиот свет и да се оженам и да имам многу деца и да одам во библиотеки и да земам книги и — сето тоа би го правел”, рече момчето гледајќи во септемвриското утро.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Со уште еден поглед се увери дека е сам, потоа повторно се наведна и нежно држејќи го стапчето, со лесни потези на раката започна да го работи она што тој најдобро умееше од сѐ на сиот свет.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Можеби заради тоа што никогаш до сега не бил 19 октомври, токму оваа година, а сега е, и тоа е така; можеби затоа што овој датум значи повеќе отколку било кој друг датум во историјата; затоа што е оваа година токму ваква каква што е, во сиот свет, и токму затоа е ова крајот.”
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сиот свет беше заспан под светлината на месечината.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сиот свет? - Да, - вели Лидија. – Сиот свет зелен, црвен, жолт, син...
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Сиот свет, жолт, син, зелен, црвен... – објаснува Лидија.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Зоки ги подава двете парички и вели: - Чичко, сакам да го купам сиот свет. За Лидија. - Како? – прашува продавачот.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Напосле Лидија вели: - Леле, Зоки, ама е сладок сиот свет! Да го изгризам ли?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Со што може да се купи сиот свет Во една рака Зоки стега две парички, а со другата ја држи Лидија.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Меѓу две пијачки во кафулето Абориџините од сиот свет преработуваат суви сливи против запек на песимистите.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Да згрми разумот во светот в прав нек падне сиот свет! (На Матеј) Зошто не пееш?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Учи англиски и сиот свет ќе биде твој.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Се потсети на старецот Костадин, на неговото исушено тело и на отворените очи во кои беше напикан сиот свет. Дали ме има и мене во нив?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Навистина, како сиот свет да влезе во еден од оние неверојатни соништа на манастирскиот измеќар.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)