сиот (зам.) - простор (имн.)

Оттука, од Северна Порта, се отвора поглед на сиот простор заграден со имотските ѕидови, а преку нив, преку ѕидовите, се гледа цел западниот лак на Потковицата и јужниот сè дотаму до западните падини на Чауле.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Му иде да викне, да свирне колку што може, како што тоа го правеше кога беше дете и кога ќе се качеше на нешто високо: дрво, карпа, покрив, брег; да викне и да го разлее гласот на сите страни и сиот простор наоколу да го исполни со својот глас.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кога наближив кон местото, во првиот момент просто се сопнав од изненадување: голем дел од поранешното лозје, сиот простор околу дупката, беше полн со народ.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во секој случај, над бунарот еден багрем ќе биде посаден, а сиот простор наоколу ќе биде парк со клупи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
За да кажеш: „Светот е без Бога“, зарем не треба прво да го познаваш целиот свет, да ја испиташ сета вселена со сите нејзини сонца и ѕвезди, историите на сите времиња, да го поминеш сиот простор и сето време?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во темнината, масата се разлеа и го зафати сиот простор, потече и се згусти во теснината на ходникот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Џуџестиот жерав го сфатил советот. Фалејќи ја умноста на Судбината, се извишил со своја песна: И олкацок пак сум жерав, мој е сиот простор син.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Го однела во шупливо стебло и направила мед.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Правена е по план, донесен од Германија, каде што тако му работеше како слаткар: куќата е со висок стрмен покрив кој не држи снег, и на кој, на сите четири страни, има тавански прозорчиња што го осветлуваат просторот под покривот; на сите четири ѕида од куќата: и на долниот и нагорниот кат, има мали дрвени балкончиња и тесни врати кои излегуваат на нив; над нив има гипсени украси: развлечени триаголници што се испакнуваат од фасадата; по рабовите на куќата, исто така, се спуштаат гипсени бордури; куќата е обградена со зеленило што ја прави уште поубава; пред куќата нема градина како пред многу други куќи, туку е посеана ниска трева која како зелено кадифе го покрива сиот простор; низ тревата постојано се разлева една браздичка со вода и ѝ дава свежина и силно, блескаво, зеленило; пред куќата, под лозницата што е разгранета на дрвени потпирачи, се белее гроб направен од мермер; околу него цвеќиња и масичка и столчиња направени од преполовени костенови стеблаци; оградата на дворот е од мазни дабови плотици со куси врвови исшилени како запци од шара.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога ќе се смиреа нивните тела, кога ќе се смиреше чунот, се враќаа наназад на брегот: Царјанка продолжуваше да ги бели алиштата, а Трајан да трча околу селото, да се искачува во муренковите бавчи, да шета низ костенарот, да крши дренови прачки, да шврка со нив низ воздухот, да свири, да вика, да пее, да го исполнува сиот простор со својот глас. 6 Портрет на куќата од Маруш.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Лежев, лежев, а кога ќе ми здодееш гледањето во таванот, кога ќе ме опфатеше тешко чувство на осаменост, се искачував на прозорецот и гледав низ него, го шетав со очите сиот простор што се наоѓаше зад него.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Патот до границата е стрмен: наместа оди низ тунели од густо борово зеленило, потоа низ чисти ледини презаситени со опојни мириси од секакви билки и цвеќиња, потоа патот слегува надолу во планинските усеци низ кои шумолат планински потоци, и пак се крева нагоре по голиот планински стр од каде што се открива прекрасен видик на сиот простор наоколу.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)