сиот (зам.) - значење (имн.)

„Под превезот на ‘иронијата’“, приговара, „хипстеризмот го фетишизира автентичното и го изблувува со намиглива неавтентичност“.414 На Лоренцен му претходеше настраниот драмски писател Чарлс Ладлам, основач и директор на Урнебесната театарска дружина во Њујорк.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И навистина, сето значење на Хегел, сета негова бесмртна актуелност, се наоѓа во неговата логика, во логиката што Хегел ја издигна до степенот на дијалектика, и која е единствен клуч за разбирање на принципот за „самокритиката“.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Крајната цел на имитацијата на Копола на една женска имитација на Џоан Крафорд е да им се овозможи на Соник јут пристап до еден поткултурен стил на настран културен отпор, кој ѝ е директно противен на таквата комодификација, а на кој ќе можат да се повикаат, кој ќе можат да си го присвојат и да ѝ го претставуваат на сопствената публика како негова хип алтернатива.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ја означува отуѓеноста на групата од потрошувачката култура која веќе ја претвора женската емоција во стока, која ја става на пазарот, препакува нејзини делчиња заради масовно уживање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Стрејтерската хипстерска култура, всушност, вирее благодарение на „вештачкото присвојување на разни стилови од разни ери“, според еден презирен напис за хипстерите од насловната страница на хипстерското списание Едбастерс; обожава да си игра со „симболи и икони“ на маргинализираните или угнетените групи, откако тие симболи и икони „ќе ги присвои хипстерајот и откако ќе им го исцеди сето значење“.413 Во еден друг, сега веќе прочуен напад на хипстерите, Кристијан Лоренцен оди уште подалеку.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Јасно е дека, најпосле, не сме толку далеку од древното поврзување на хомосексуалноста со родовата инверзија и со психолошката девијантност, колку и Томасини да внимава на крајот да ги испразни од сето значење тие геј-означители.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И така, сето значење на Хегел е, според тоа, во неговото откритие на дијалектиката и нејзиното универзално важење.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)