сиот (зам.) - битие (имн.)

Душата му беше свиена како клопче, а сето битие му се обезличуваше кога ќе го погледнеше столбот што личеше на гранитна стрела што надвиснува над пејзажот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Со нив требаше да се заокружи овој Реквием, во чие поетичко јадро, во неговите првични, рани песни, смртта на поетот е доживеана и искажана во еден неоромантичарски и симболистички пев при првичното модернистичко искуство, како смрт на славејот во занесот на пеењето, кога сето битие на поетот е обземено само од чинот на создавањето на песната и од поттикот таа, долго носена во себе, да се испее, да се забележи и соопшти.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
И ние стоиме смраморени - скаменети и со сето битие ја чувствуваме болката на разделбата што никогаш не сопре и што никој не најде лек за да ја излекува.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Отсекогаш веруваше дека само поетите, големите поети, како Бајрон и Данте, беа надарени со посебни чувства и моќ да сакаат со сето свое срце и сета душа, со сето битие.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)