сиот (зам.) - претвори (гл.)

Ќе стоев така скукулен до парното нем, неподвижен, сиот претворен во парче мрак и исчекување.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Се довикуваат... Ме заобиколуваат...“ мислеше Бојан сиот претворен во уво.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Елате, елате! - шепотеше Бојан, напнат како лак, сиот претворен во око и уво.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А кога тој ветрец ќе умре, ноќниот небесен жнеец сиот претворен во седефен срп, силен и напнат од нагон во 'рбетот, ќе се заплетка во влажните коси на врбите, ќе ги испие од белата кора сите сокови и лудо опиен ќе потоне во првиот вир. Тој, жнејачот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И лисјето на блиските буки се затресоа, но срцето на онбашијата не трепна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— А бре, кажуј каде се комитите, та не продавај маслава ти тука! — се издере сега онбашијата сиот претворен во ѕвер и почна со двете нозе, едно за друго, да ги клоца: и Бојка и стариот Јована.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)