сиот (зам.) - бев (гл.)

— Ами, кога лачкавме ние во Смилево оти не сме готови, ти што велеше, бре Орде?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Што право бре, Петре, не виде ли и сам оти аскерот сиот беше на нога?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Неколу километри долгиот брег, сиот беше исполнет со хотели, вили, кафеани, со огромна песоклива плажа, низ која се преливаше жолто-златната боја на ситниот песок, кој огромните морски бранови го здробиле во прав.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Го замолив да ги викне мајка му и татко му, можеби сето беше само глума.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Мајка ѝ имаше смешна навика да станува ноќе и да јаде што ќе ѝ дојде до рака, веројатно сето беше на некаква психичка база.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
„Маас“. Мал, брз, немилосрден. „Маас“ сиот беше Моќ.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Сиот беше едно неумеење: немисла и несила, и сепак (господи, дали ми се прстите крвави?) - ги вртеше бројките како ќе му дојдеше и не знаеше дали му е лицето влажно од пот или од солзи.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Несмасен и збунет Арсо се движеше без телесна тежина и сиот беше само некаква намера, некакво демнење и страв за нешто.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но тогаш беше април а сега во овој мамурен час пак се тргаше од полусонот, му се спротивставуваше на ножот и го бришеше од себе безобличниот човек за да се врати таму в планини, за да најде за нешто причини, сега, кога сиот беше еден огромен простор во кој бучат водопади и прскаат облаци и јурат незауздани диви ветришта.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Како што?! Како што?! – сиот беше запенет. – Види! Погледни!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сега оној беше во срцевината на работите, а сето беше токму онакво, за какво што Змејко уште одамна, уште во почетокот, се плашеше дека ќе биде.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Правеше сѐ, што беше до него, за да ѝ помогне да совлада уште тоа, но веднаш знаеше дека сето беше протатнето и одминато во неврат, и дека се чудни дури и тие негови последни доцедувања, што сè уште беа преостанати.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
ДАСКАЛОВ
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа утро, кога првпат разговаравме за трагите што никогаш не можеш да ги забележиш овде, под Сина Скала, надвор врнеше дожд, јас не отидов на училиште, а денот беше сосема беззначаен бидејќи сиот беше собран во една парталава сива облека; потсетуваше на изнемоштен изѕемнат бедник; стоеше под стреата и тоа пред самиот прозорец.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сиот бев испресечен со црни и жолти подвижни линии.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Товарен грб полн стомав, велеше, а мевот воопшто не му се гледаше бидејќи тој Алија сиот беше свиткан навнатре, од тежините што ги пренесуваше.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)