си (зам.) - стои (гл.)

Рикаат топовите, трештат бомбите, но фронтот си стои на истото место.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Со птиците, паи, и со дивечот во Потковицата во многу нешта и на лошо се изменија работите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Остануваа само кофите и копаничината, а тие и тука савезден си стоеја таму - за да можат, ако им притекне, да се напијат вода старците, децата и намерниците.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И нема да дозволам, еве, на зборот си стојам, смртник да пречи од сега“.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Како заборавени од секого си стоеја тие две книги на черчевето, оставени да си зборуваат, ако можат, сами со себе.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
А чашата си стоеше сѐ така, полуиспразнета, и на Франц треба многу да не му се брзаше.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Никако зимава да попушти! Еве, веќе е средина на март, а снегот во купишта уште си стои во дворот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Предел проколнат, предел скрбен, ко гревот во него да е зачнат, си стои така од дамнини и во самотија гасне.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
„Ако треба на секој камен ќе ставам потпирач и куќата ќе си стои тука... И ние во неа“, велеше.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
За време на неговиот патронен празник, Свети Арханѓел Михаел, во нашата прва куќа во Куманово, која ти ја знаеш и си стои жива-здрава на своето место, во центарот на градот, се собираа голем број гости, како за Божиќ, така и за Велигден.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
А кога станавме од земјата, и кога облакот се расчисти, видовме: скалата на отец Кирил си стоеше сѐ така негибната на карпата Бехистунска, угоре кон небото; и кошницата негова над бездната си стоеше, и тој во неа, негибнат сосем!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сите се тискаат кон средината, а од многу луѓе не се гледа што има таму. Си стоиме со Весна настрана, чекаме.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Тоа си стои во неа и ја мачи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Уште си стои заделен и гледа некаде надолу, ко над некоја бездна пред себеси.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги голтам, ги бришам, а тие пак си стојат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тие две пилиња и ти сам си ги видел и си ги чул, синко, в поле кај си стојат по шипјето и глогјето и си пеат; едното си пее: сиве, сиве, а другото – чуле, чуле.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
4. ТРЕВАТА ЈА ПАСАТ, КОРЕЊАТА СИ СТОЈАТ - затоа и веруваме сѐ во идната пролет: белки врз некој корен ќе израсте билка, која за стоката трње, за луѓето цвеќе ќе е в поле...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Ха! Си стоиш ли на зборот да дојдеш во партијава моја? Да станеш Грк- кир Николаќи!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Кога дојдоа, кадијата ја соопшти положбата и ги покани да помогнат и тука да се доврши работата, а за да ги убеди дека си стои на зборот, им напиша од своја страна тапија од своите чефлизи во Рувци и Алданци, а беглербегот им напиша повелба, дека им ги подарува сите дванаесет села од Старо Мариово сосе луѓе, за вечни времиња и ги прави мариовски бегови со сите беговски права, поставувајќи им само два услова: да се потурчат и да најдат чаре и начин да се победат бунтовниците.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Откако е дежурна куќата многу поубаво ни е уредена. Секој предмет си стои на своето место.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Си стоиме со Весна настрана, чекаме. Девојчето е нестрпливо, рачето му е потно.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
А сонцето си стои на средина од небото, не се помрднува. Само те толчи со петицата. И тоа врши.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А и Свети Аранѓел уште гледа кон реката. Си стои на ѕидот од урнатото црквиче и си одбира луѓе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)