си (зам.) - става (гл.)

- Мамо, дали смрдам? - праша. - Не, - мајката не се мрдна од пред шпоретот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тоа беа сигурно редовните гости на Каплан-паша, кои во петоците идеа овде на теферич и за да си ставаат жените ума и к'на, додека месата им се греат во топлите извори.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ич не се цениш. Си ставаш здрава нога во трње.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Далеку од очи, далеку од срце, нова категорија на врска, во која не мора да бидеш секогаш тазе исфарбана, а за на „скајп“ си ставаш капа или шубара и си муабетиш, или си недостапна.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- А сега има секакви работи. Дезодоранси, парфеми. Можеш да си ставаш за да не мирисаш.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Женичката пак ми дава знаци да си ставам стипса, што се вели, суста на уста. Катанец.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„На првото славење на некој повод, ќе си подарите сами на себе златна табакера и во неа секое утро ќе си ставате по 7 цигари за тој ден“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)