си (зам.) - појде (гл.)

Учебната година се сврши, учениците си отидоа секој дома и наш Крле си појде кај татка си, во Жиовчевата куќа, да живее заедно со зарачницата своја, Анѓа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ошче утро рано в зори, ќе си тргнеме, ќе си појдиме да не нѐ разбира светот. Оти, ногу умишча, ногу грешки се прават.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Стојан си појде дома и уште од порта, ни не растоварени маските, почна разговор со Неда.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
1. Вчера си појдов, наминав низ таја гора зелена под тија буки високи по ќилим сенки широки.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Прислужникот стоеше и се смешкаше на прагот како да не му се сакаше да си појде. Арсо за првпат го гледа ваков.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Мириса на снег. Ако натрупа ноќеска утре не ќе можам да си појдам.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И за вистина, синко Силјане, беа се сториле пилци и си пошле в поле да живеат по трњето и катаден еден други да се бараат и да не можат да се најдат и да се видат.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Ако се раздени, ќе ти кажам јас тебе клетва ќе добијам и друзи маслаати што ми ги кањараш ти мене, си велел сам со себе Силјан, дури да си појдам в град, да ќе ме видиш ти овде да ме тераш ти на жниење на оваа силна горештина, бидејќи има в град ладни меани, да седам и ќеф да терам со граѓаните.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
- Леле, внуко, Ѕвездо моја, како да те крепам, мило? да ми станеш, мила Ѕвездо - ти да станеш - јас да легнам - зашто мене ми е редот - јас да умрам и куртулам - од пустава старост мачна подгрбена, снемоштена, без домаќин - без чедото - сосечено од душмани - стани, мила моја Ѕвездо - мене стара да ме легнеш! - зашто змија ме каснала - отровница, проклетница - леле, злоба озлобена ме раскина, ме парчоса - да си појдам во темната - во темната безденија - мене таму ми е редот...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Но за миг, два, пак на брегот дојде а сонцето златесто зад ридот си појде.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Ја фатив за рачето и си појдовме дома. А таа беше молчалива и тажна. Тагуваше за отсечените елки.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Благодарам, - рече Димче Волшебникот. - Сам ќе си појдам.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Колете, велам, заколете ме! И јас молам бога побргу да си појдам кај децата, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да си појдат дома, да вечераат и да си легнат, заедно со кокошките, со добитокот...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Кој ќе ми прати мене писмо, велам , зар децата !ми порачуваат да си појдам кај нив.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Штиковите им светкаат во темницата. - Заколете ја, бре, вели војводата. Заколете ја, кога не се разбира. - Заколете ме, велам, побргу да си појдам кај децата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе видиш дека пред вас ќе си појдам дома, вели, јас ја гледам куќата, вели, ене ја ондека.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)