си (зам.) - плука (гл.)

Враќајќи се кон предградието, избегнувајќи ги вировите на улицата, Пелагија ја караше Чана зошто така зборувала Ќе си помислат дека навистина сме полни со болви, мори Чано, и вошлосани! Пу, пу, пу! како да си плука под мишки.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Сите што нѐ пристасуваат гледаат по кучето наше и си плукаат во пазувите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И намерно не знаат како се викал, едни го крстат Григорие други Георгие, и намерно не знаат ни од кое колено на Акиноските бил, дали од првото што се доселило во Потковицата или од некои од подоцнежните (и покрај што настаните, видовме, укажуваат на првото, врзано е за првите доселеници Турци во Потковицата, конкретно за Арслан бег, но кога човек ќе му обрне внимание на тоа, тие, за да му дадат уште поголема зачуденост на сето ова, за да ја изедначат сета таа историја со божје претсказание, си плукаат во пазувите, крстејќи се бошотат нејасни зборови и избегнувајќи да одговорат или да го продолжат разговорот, итро и брзо ја менуваат темата) но бил стар, мошне стар, и праведник.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Гробарите веќе ја ринеа земјата, си плукаа во рацете и ја ринеа земјата, ја нафрлаа со лопатите на сандакот, го засипуваа гробот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
— Еј женшини, шепотат логорашите, си плукаат во рацете и ги подаваат по нас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)