си (зам.) - плаче (гл.)

Влегов во мојата соба и ја пронајдов книгата на која беше сликата на мајка ми, заедно со сликите на другите загинати во земјотресот и не знам по кој пат си плачев со неа на градите... мајко, мајчице моја, кој може тоа друг да ми биде...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тој не мереше контракции; тој месеше како да си тесто и, дали од страв или од некоја друга причина, двете со Споменка, како мисирки сокриени под покривките, тивко си плачевме и ја проколнувавме идејата да бидеме чисти.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ако не си плачела некогаш низ песна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И јас за дрво си плачам, што се вели, сум дошла од којзнае каде и, овде, во Сибир, ќе го бранам социјализмот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— И гробовите ни ги земаат, вели, и од мртвите се плашат, вели и си плаче насуво, нема солзи во очите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Наеднаш нешто ми попушти и си плачам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И после цел пат си плачев.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си плачам над него, цело тело ми плаче од радост.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По некоја недела беше останала жената му на Силјана сама дома и си седела во двор на ругузина та си везела една кошула со црна преѓа, како за вдовица; си везела и си плакала за касметот што го имала, дека без домаќин останала.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ајде стани, доста си плакала. Не заслужува.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ако останам, двете ќе си плачеме... бигори ќе пластиме...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
На крилјата на големиот бран преповторив дека морето нема соседи и дека не се брои за грев ако од големиот бран откорнеш во полза на некое нежно бранче со кое си плачел заедно.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Моите години почнаа да ме мачат, не знаејќи дека тоа е пубертет, си мислев дека сите ме мразат и дека никој не ме сака, настрана си плачев, никој да не ме види.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
А децата, ко деца, си бараат. Децата и добиците никогаш не прашуваат дали има или нема. Си плачат, си мукаат, волчица им вие во мевот. Им се јаде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)