си (зам.) - верува (гл.)

Се зближиле, значи, како што две млади жени можат да се зближат кога се тажни и осамени; едната, во очекување на парите од сладострастникот кој секој момент можел да наиде, втората, зафатена со белите чаршафи што мирисаат на сапун и веднаш се здрвуваат од штиракот штом ќе помине по нив врелината на пеглата ; почнале да си веруваат една на друга, да седат заедно кога се слободни, да се смеат, да плачат, - како сестри.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Анѓелите од ластарите на очите не си верувале за умеењето на копаничарот зборувале.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
БОРИС: Да викнеме булдожер? (Пауза) Како ќе живееш ти? Не ми веруваш мене, не си веруваш себеси.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Мајка, во својата тивка и ненаметлива набожност, си веруваше дека и овој пат Бог ѝ помогнал испраќајќи ги козите да си ги спаси чедата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Нѐ прегрна и двете притискајќи нѐ, како да не си веруваше на очите, откако ја видел грозната слика на урнатината во која се беше претворила нашата зграда.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Така јас станав миловидна лажга која почна да си верува на сопствените лаги.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Кутриот Х.Х. беше немоќен, којзнае дали си веруваше на кажаното според инструкциите, да најде какво било разумно, логично и прифатливо оправдување.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Попот се мачи да зборува, ама и нему нешто во гласот му трепери, му го потсекува зборот. Не му е баш сигурно - кажувањето. Како и тој да не си верува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)