сешто (зам.) - зборува (гл.)

Пред насобраната толпа стоеше Водомар, брадестиот осаменик од шамакот крај езерото,огледало на сонцето и месечината.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
„Се зборува дека наскоро ќе нѐ собираат нас Евреите и дека ќе нѐ однесат некаде, на пат за кој никој не знае ништо”.  „Тоа се глупости, народот денес сешто зборува”, рече мајка ми со слична решителност.  „Можно е”, одговори по подолга пауза таткото на Рашела.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Молчалива дотогаш, ламбата ме испрати со свои зборови: Таванов сешто зборува и ме изморува.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)