сет (зам.) - нејзин (прид.)

Ќе ги дотерам татка ѝ, брата ѝ мајка ѝ, сета нејзина роднина пред неа ќе го викнам џелатот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Имаше постар брат, но сета нејзина љубов беше насочена кон малиот Бубуш.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Може и сета нејзина вода да е замрзната до газер, до извор, о, господи, колку проклето време, да не се најде веќе, да не се врати!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По нив остана само една црна крвава паласка во снегот и неколку расфрлани прамени волна, а уште еден раненик, кој не беше толку умен или кому му беше повредена токму таа жица од инстинктот да молчи, заминуваше со бесно и продорно аурликање кон шумата, насобирајќи ги по себе сите тие глади и раздразнувајќи ја уште повеќе со својата вкусна животворна крв стрвната сурија во сета нејзина безбожност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)