сет (зам.) - тоа (зам.)

Пожелно е да биде присутен кога се снима, но може сето тоа да го види и на монтажа кога ќе се развие филмот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сето тоа се знаеше, и сето тоа му го преподаде логотетот на Филозофот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Циркусот замина по три дена; три дена Луција и Земанек доаѓаа, со брат ми, на портата; јас одбивав да ги видам, оти бев понижен до срж; им порачував да си одат, оти не сакам да ги видам; велеа дека сето тоа било обична игра, дека ќе почнеме одново, дека сѐ било една невкусна шега, заблуда, еден вид лудило; велеа дека ќе сторат сѐ да се вратам; велеа дека Фисот е под истрага, дека самата Партија го суспендирала и го осудила за сослушувањето, дека и весниците направиле афера од тоа, дека моето свидетелство ме чека на масата (никогаш не го подигнав, оти веќе не ми требаше); јас им порачував да ме остават на мир.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сето тоа, се разбира, не сакав да ѝ го кажувам на Марина, зашто споредбата со нејзината втора мајка можеби уште повеќе ќе ѝ го загорчеше чувството на очаеност, што сѐ повеќе ја обземаше.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Сето тоа е јасно и справедливо од бугарско гледиште.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сето тоа на пиесата ѝ дава можност да изгради јасна, разбирлива реторика.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сето тоа со малата приземна куќа даваше целосна амбиентална целина. Совршено место за одмор и медитација.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сето тоа, заедно со една замислена група луѓе и коњи, што поминуваат во некоја летна сончеста квечерина по овој пат, беше само едно бегло враќање од неговата заталканост.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сето тоа го знаеше, и сепак, звуците ја имаа таа сила да ја раздвижат крвта на осаменикот со пријатна илузија за она што најмногу не му недостасува и за што страдањето вака тешко се поднесува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но, од друга страна, претераната коренитост на тие разлики, извалканоста и стутканоста на писмото „така несоодветни на вистинските уредни навики на Д“ толку многу укажуваа на намерата да се залаже окото дека станува збор за безвреден документ; сето тоа, заедно со грубата наметливост на документот оставен пред очите на секој посетител, беше сосем сообразено со заклучоците до кои претходно бев дошол; сето тоа, велам, силно го потврдуваше сомнежот кај човек дојден со намера да се сомнева.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сето тоа ќе ја раскости ветерницата, фиран ќе се стори.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сето тоа со текот на еволуцијата се усовршува, па доаѓа и до развивање на уште повисоки мозочни функции.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ходникот низ кој ги поведе беше послан со мек тепих, ѕидовите беа обложени со светли тапети и бела дрвенарија и сето тоа беше беспрекорно чисто.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да се знае и да не се знае, да бидеш свесен за целата вистина и да кажуваш внимателно исконструирани лаги, да имаш истовремено две мислења кои меѓусебно се исклучуваат, да знаеш дека се контрадикторни и да веруваш и во двете; да употребуваш логика против логиката; да ја отфрлаш моралноста и истовремено да полагаш право на неа, да веруваш дека демократијата е невозможна и дека Партијата е чувар на демократијата; да заборавиш сѐ што е потребно да се заборави, потоа сето тоа повторно да го вратиш назад во сеќавањето кога е потребно, а потоа брзо повторно да го заборавиш: и над сѐ, да го примениш истиот процес над самиот процес.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сето тоа беше содржано во тој прв чин. Ништо не се случи што ти самиот не го предвиде.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сето тоа го чувствуваше со своето болно тело, што се згрчуваше и потресуваше и од најмала болка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сѐ низ што помина ти откако ни падна в раце - сето тоа ќе продолжи и ќе биде уште полошо.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И иако сето тоа стануваше сѐ понеподносливо со стареењето на неговото тело, зарем не беше доволен знак дека ова не е природен поредок на нештата ако срцето на човекот му се стега од неудобност, од нечистотија и од недостиг, од бескрајните зими, од лепливоста на чорапите, од лифтовите кои никогаш не работат, од студената вода, од лутиот сапун, од цигарите што се истресуваат, од храната со нејзиниот необичен, гаден вкус ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Свесно да се кажуваат лаги и истовремено искрено да се верува во нив, да се заборава секој факт што станал непожелен, а потоа, кога ќе биде повторно потребен да се извлече од заборавот за онолку време за колку што е потребно, да се одрекува постоењето на објективната стварност и за сето време да се води сметка за стварноста што се одрекува - сето тоа е неопходно потребно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сето тоа е од храната на Внатрешната партија. Не постои ништо што тие свињи го немаат, ама баш ништо. Но келнерите, служителите и луѓето, се разбира, крадат и... види, имам и мало пакетче чај.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сето тоа беше бесмислица, како што им беше јасно и на двајцата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зошто сето тоа би изгледало неподносливо, ако не постои некој вид наследено сеќавање дека работите некогаш биле поинакви ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Умираш симболично повеќе пати живееш стократно повеќе имаш безброј животи безброј ликови и сето тоа е - природно и нормално и по сето тоа се будиш наспана преродена за да можеш да поднесеш уште неколку стресови сѐ до следното паѓање во сон.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Се разбира, бев спремен да прифатам дека сето тоа што го рече за матежината и тешкотиите на изминатите години може да биде точно. Но и не мора!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Перса веруваше во Господовите чуда и тајни и знаеше дека не треба да се растајнува сето тоа.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Сето тоа и не мораше да ѝ го кажува на Митра, по миризбите што ѝ удрија во носот, сфати на какво место се наоѓа.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Перса долго ги држи зборовите на малечката, толку долго што денот изврвува и стигнува Пелагија од работа и додека се пресоблекува и насекаде расфрла миризба од тутун, ѝ кажува дека малечката Пелагија е многу итра, дека зборовите се лепат за неа и ѝ будат секакви мисли, Вели со сукалото се сука пита, мазник, рашадија, а не живот! ѝ кажува Перса вртејќи се околу Пелагија додека оваа како пред сопствена мајка, ја фрла работната облека, ја открива својата стројна снага настегана во црниот комбинезон нудејќи се пред неа како нејзина ќерка без да насетува дека Перса токму како таква и ја гледа, и ломоти додека навлекува лесно фустанче на бела основа со сини цветчиња Ох, мајко Персо, сега таа е отворена за сѐ, нема нешто што не се лепи за неа, а смислата на сето тоа подоцна ќе го открива.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Сето тоа мене ко низ сон ми се кажува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Ќе има, реков. - Ќе има ливчиња, а од цветовите ќе се родат праски. Сето тоа ќе биде твое.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)