секој (зам.) - трет (прид.)

После секоја трета испиена ракија сите беа спремни да го освојуваат Солун, а после шестата веќе не можеа ни до дома да стигнат.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Никој не можеше да каже од кој момент и дали некој ја научи, но секој трет, четврт збор во нејзината уста беше мама Вера .
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ако играте бејзбол, секој трет погодок ќе ви донесе хоум-ран.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Храната беше изненадувачки добра, со месо на секој трет оброк.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)