секој (зам.) - понатамошен (прид.)

Макар што со овој став теориски не се солидаризиравме, имавме чувство дека секое понатамошно инсистирање на дополнително аргументирање би делувало како непотребна философска итроштина.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кутрата Катерина! Не можеше да сфати дека секој збор, гест или мимика, па дури и насмевката што обично ја раздаваме од учтивост, можеше да го убрза извршувањето на она што и без тоа не смееше да се одложува.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сакаше веројатно да ме предупреди дека секое понатамошно задржување може да ми наштети.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Така преземениот литературен мандат, изречен во снажниот гест на автобиографско експонирање, тешко можеше да се оспори.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)