секој (зам.) - нејзин (прид.)

При него таа се губеше сосем, гледајќи да биде што понезабележена, зашто секое нејзино послободно движење ќе го проследат преку железната рамка на очилата неговите студени и остри очи.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Таа има моќ на убедување и секое нејзино движење, секој нејзин збор, секој поглед паѓаат на плодна почва...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Наеднаш, како што човек прави понекогаш со книга за која знае дека ќе ја прочита и препрочита секоја нејзина страница, ја отвори на друго место и се најде кај третото поглавје.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа ми дејствуваше помпезно, зашто целата, и однадвор и одвнатре, секој нејзин дел е обложен со мермер, со македонскот мермер, така што овој објект ми стана уште поблизок.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сиот нејзин живот беше таков, секоја нејзина желба се протегаше до исполнувањето лижена од ладниот пламен на свилата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Секој нејзин збор, па дури и замолбите кои, навистина, беа ретки, добиваа призвук на наредби.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Најмногу душата му се собираше кога делкаше воденички камења; со денови вртеше околу карпата од која требаше да се издвои поголем камен од кој требаше да се изделка воденички камен: ја набљудуваше карпата, секоја нејзина жилка ја проучуваше: од каде трга и каде оди, каде се разгранува, слично на ботаничарот што ги проучува жилките на растенијата, како дрварот што го проучува дрвото од која страна да почне да го цепи; го проучуваше до каде оди цврстиот дел на каменот, а од каде почнува болниот; го обележуваше со креда, со керамитка, со врвот од глетото.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Полека, како божем секое нејзино нагло движење да може да ја разлути змијата, таа го зголеми растојанието помеѓу себе и змијата и, додека сѐ уште ја гледаше, но сега на доволно безбедно растојание, јурна да трча и, спринтирајќи околу аголот на куќата, брзо влезе во кујната.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И така, Луција ми се доближуваше со тоа што ми се оддалечуваше, а јас копнеев сѐ посилно со секое нејзино одбивање.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Гледајќи во небото, дишејќи длабоко полека ги затвори очите и само ја чувствуваше во себе убавината на чувството кое ѝ се разлеваше низ телото и целосно ја обземаше секоја нејзина пора, продирајќи до сржта на целото нејзино битие. Чувството на љубовта и нејзиниот бескрај.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Колку и да не е соодветна таквата претстава во една демократска или егалитарна етика, хиерархијата си има место што ѝ припаѓа, и тоа неизбежно место, во доменот на естетиката.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Накратко, естетизмот зависи од претставата за хиерархија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ниту едно човечко суштество не може да заслужува достоинство што се добива по цена на нечиј срам, но тоа не значи дека секој има право да ја пее „Каста Дива“ (сјајната сопранска арија од првиот чин на Норма од Белини) и дека секоја нејзина изведба е еднакво добра како сите други – ништо повеќе отколку што значи дека сите со кои ќе се разминете на улица се еднакво згодни.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Со мака држејќи ги клепките над очи, како да се бори со тежок сон, Ване тивко изрецитира своја песна за девојка што во љубовен занес цела ноќ одела и плачела а од секоја нејзина солза на земјата останувал по еден бисер.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Жандармерија од погледи што го пратат секој нејзин чекор на измешани сигнали, што водат до искушение..
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Во секој нејзин посребрен кичер се криеше тајната на нејзиното страдање, вкоренето во длабочините на нејзината душа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Јас го гледам секое нејзино движење, секоја сенка што ќе и се појави на лицето.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)