секој (зам.) - мој (прид.)

Неколкумина ме прашуваат дали сум добро.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Се чувствувам како дете во поглед на тоа колку лесно емоциите излегуваат на површина оддавајќи ја секоја моја состојба.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Бев повеќе од уверен дека секоја моја сред­ба беше под директен надзор на Централата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но Х.Х. и О.О. продолжуваат упор­но да ја следат секоја моја реакција.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И З.З. упатува ревносен поглед кон мравките неоти го интересираа, туку тој повеќе го следеше мојот поглед, секое мое движење во арената.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- А ти, зошто ја слушаш секоја моја наредба!!
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Затоа секоја моја наредна мисла во однос на претходната тежнее да биде во ортогонална проекција”. (М. Епштајн)
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
По кои патишта Ти се насели во мене – јас не знам: како кученце свиткано в ноѕе скришум ги подотвораш очите и при секоја моја помисла на нешто се стресуваш набере пролетни грмотевици низ коски Ти лазат.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Не разбирам, говореше. Од секое мое движење, докторе, искршените ребра се обидуваа да се откачат од мене и пак ништо, пак не бев смешен.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Толку многу е празно, што се слуша ехото на секоја моја безначајна мисла.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Произлезе дека секој мој потег, секое мое движење, секој мој збор, биле погрешно сфатени.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
„Ајде, не цимоли“ ѝ реков. „Ти беше убаво додека беше под мене.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ако беше жива се ми се чини дека ќе се радуваше на секоја моја несреќа. Таква мајка ме роди“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Посакувам да ти ветам бесрамнику Штом студен здив твој сетам Секој мој стих повикува на двобој Мунковски испиен блед лику И ќе го вплетам во тебе знај Ко игла со која Дервишот Ја докажува моќта на потсвеста Гласно во овој миг велам – Иш Искреноста е мудрата сестра Направи трик – исчезни Да го почнеме од почеток нашиот крај 2007
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Л: Те спомнувам во секое мое предавање, затоа што си претставник на концептот на 21-от век за глобалното соединување преку електрониката.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Се трудев од секоја моја изречена помисла да произлезе разбирање иако не и одобрување на состојбите што имаат храброст да го пречекорат синорот на тврдата животна логика.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Б.С. од своја страна го спротивставуваше грубиот свет на реалноста со неговото несовршенство но и потврденото искуство низ многу тешкотии; инсистираше на воспоставените норми на однесување; укажуваше на законски регулираните начела.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Кејтен, - шепнав, сакав сета тага да му ја соопштам, но не требаше, тој беше во мене, го знаеше сето мое срце, секоја моја мисла.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тогаш Рајнер за првпат ми проговори: “А мене моите родители ме сакаат,” рече, а имаше толку болка во неговиот глас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На почетокот од септември десната нога на мајка ја зафати гангрена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас понекогаш му кажував брзозборки, гатанки и бајки, а еднаш почнав да му зборувам за мојата мајка, за нејзините зборови на презир и потсмев за тоа како јадам, како се смеам, како чекорам; за тоа дека кога ни доаѓаа на гости нејзините пријателки со ќеркичките, таа пред нив ми велеше дека не умеам како нив да разговарам, да се смеам, да чекорам; му кажував со кои зборови го навредуваше секое мое воодушевување и секоја моја радост: воодушевувањето од вештината на неговиот татко, радоста што секоја недела претпладне го среќавав него, Рајнер, иако тој молчи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во нејзината беспомошност ја препознавав беспомошноста на моето детство и мојата младост, и секој мој непријателски збор или постапка кон тоа суштество кое бавно умираше немаше да биде одмазда, туку изживување врз себе, врз мојот спомен за девојчето, за девојката и за младата жена која бев некогаш.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Извор за овој текст се моите лични белешки кои го следеа секое мое искуство со ЛСД, снимените разговори, подоцна и повторното испитување на случувањата.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Со еден збор отворено му се ругам на мојот потчинет, иако сум свесен дека она неуморно демонче демне над секој мој неизречен збор, го лови со акробатски скокови и му го поднесува на мојот потчинет на начин што јас не можам да го одгатнам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но, решеноста да бидам достоен на зборот што го дадов, да останам чесен пред очите на тој мој пријател, едноставно да ја заслужам таа негова великодушност, беше над секоја моја ниска потреба, во која, за жал бев принуден да го сместам и читањето.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)