секој (зам.) - по (предл.)

Машките повеќе од половина останаа пред крчмата и наседнаа по камењето, држејќи секој по едно ковенце од дваесет и пет драма ракија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ние, децата, израснати, со свои семејства, се разотидовме, секој по својата врвица на животот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Таа сакаше да им каже нешто на селаните, дека ’таму’ сепак нешто има, но тие веќе беа заминати, секој по својата работа, која не вклучуваше рекреативни прошетки и туристичка посети на музеи.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
И потем заминавме секој во својата одаја. Како сега гледам: одиме, секој по својот пат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А ги гледам нивните празни ракави, ногавици, пачавици и од секоја по малку плач ми се собира.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По малце време беа растанале сите од куќа и секој по нешто работа работел: мајка му фатила кравите да ги молзи, невестата му овците ошла да ги молзи, син му свињите и телците, прлињата ги испуштило за в говеда да одат, сестра му куќата фатила да ја мете и гнојот да го фрла.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Стана и отиде на прозорецот, печката зад него беше усвитена од жар, беше слободен и отпуштен, свикнат и смирен во таа темничина, како полжав под своето самарче, без никаква желба за бунење, а неговото тело не бунцаше за ниеден ненаправен чекор, само едно тивко преместување во таа просторија, во таа долина, која сега ги тераше полека сите свои жители да се јават, како при некое чудно повечерие, да испуштат од себе по некој глас, секој по некој свој писок, или по некое будно око.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Султаните се стремеа секој по малку да го прошири со завладување на нови земји, а султанот Сулејман реши целиот тогаш познат свет да го завладее и да им ја натури Мухамедовата вера на покорените народи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ќе поручаме шо даде Господ, ќе си поприкажеме, а утре, со Господ напред, секој по својот пат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Така три дена на големиот одмор трчав до самопослугата, купував, трчаница се враќав и зад училиштето јадевме секој по четири чоколатца.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Е, малечок, си имал среќна рака: од дваесетте ниту една не се повтори.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И утре ќе те пратам да купиш. Брат има пари.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Потем луѓето се разотидоа - секој по нешто заборавил.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Првин дојдоа само десетина души, вели Николе Валавичарот и почнаа да бараат ракија, и ние им донесовме ракија и, заколете десет кокошки, велат, за секој по една, си ја редат, и ајде и кокошките им донесовме, им ги натокмивме на трпезите црквински и тие јадат, гнетат, а ние стоиме на страна и гледаме, и среде јадењето некаде под црквата квикна прасе, а, овие ќе колат и прасе, вели старшијата, прасето нека го за вечера, вели,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)