секој (зам.) - цена (имн.)

Поучен од претходниот штрајк и решеноста на работниците по секоја цена да си ги бараат своите права, рабо- тодавачот овој пат прави обид преку кој се обидува да го неу- трализира и инструментализира синдикалното организирање во фабриката.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По новонастанатата ситуација која дојде неочекувано и со малициозна тенденција да му се напакости по секоја цена, Авдиќ се почувствува изманипулирано и оштетено и, за подготовка на тужба за иницирање судски спор, директно се обраќа кај адвокат од Скопје (А. Ребула) – затоа што немаше доверба во раководството на својот матичен синдикат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, по ова, во септември 1999 Авдиќ добива отказ без отказен рок против кој благовремено поднесува писмен приговор до УО на претпријатието4 – и којшто, во ноември 1999, му е одбиен како неоснован, без тој воопшто да биде известен и повикан на седницата на УО за да ја изложи својата одбрана!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Мора да се каже дека за цело ова време додека Ѓорѓиевски не е на работа, во Шеќераната се случуваат дополнителни турбуленции со кои додатно се отежнува можноста за спротивставување на работниците.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Затоа мораше да се ликвидира или подобро, да се фати по секоја цена.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Следуваше, по секоја цена, ослободување од козите прогласени за „антисоцијален елемент”.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Козјото време течеше со својата неумолива логика, посилно од идеологијата што сакаа тие по секоја цена да ја наметнат...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На партиските стратези на развојот во градот им стануваше сѐ појасно дека козарите неповратно се оддалечуваат од глобалната директива наложена од федералниот центар – по секоја цена во првата петолетка на развојот да станат дел на работничката класа. ***
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Чанга мора по секоја цена да се фати жив. Ќе му биде организирано големо судење.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Противречноста, драмата на внатрешниот судир - тоа е начинот на кој егзистира модерното општество, а не е нешто туѓо што по секоја цена треба да се отстрани.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тој си игра лудак за по секоја цена да избегне да биде одговорен за една кохерентна помисла или намера.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Цветот што прв ќе ороне, треба по секоја цена повторно да расцути, ама тоа е како новороденчето да го враќаш назад во утробата на мајката, како откорнатикот да го засадуваш во родината.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Така велел талмудот, сетики за луѓето кои пред да бидат смачкани не цутеле како цреши.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Тој инстинктивно осеќаше дека тука има трага од џелатите и треба да ја најде по секоја цена.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По капитулацијата на Кралството Југославија (18 април 1941) и Грција (23 април 1941), поголемиот дел од британскиот експедиционен корпус бил префрлен во Египет, а еден дел од грчките и британските единици се повлекле на островот Крит, кој британската влада од стратегиски причини сакал да го задржи по секоја цена.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Тој има дал инструкции на локалните команданти во Македонија да ги избегнуваат граничните инциденти по секоја цена и сега ќе ги повтори тие наредби.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Трпел Трпе од Трпејца многу срања и празни трпези, но беше цврсто одлучен да остане во смрадот Скотје по секоја цена.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Провинцијалец или руралец е личност која по секоја цена сака да студира у Скопје и покрај дисперзираните факултети у нивниот крај.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Откако Фетхи-беј Окијар дозна за мојата намера да заминам, се обидуваше да ме задржи по секоја цена, додека се смират приликите во Турција, таму да ја продолжам судската кариера, потоа да го повикам и моето семејство.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Свесен дека на Татко не му преостанува уште многу време за да биде со нас, мене с повеќе ме вознемируваа прашањата на кои сакав, по секоја цена, да ги добијам неговите одговори.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Мајка го гледаше Татко, најпосле, смирен и среќен, со заборавените илузии по секоја цена некаде да заминат.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Настојуваше, по секоја цена, кога зборуваше за Татковите заслуги на полето на архивистиката, да го заобиколи образложението од предлогот за одликувањето.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Можеби остана за да види до каде ќе оди цинизмот на Мирон Донски, во замислата, по секоја цена и со сите средства, да го оддалечи Татко од сиџилите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Со такви ставови, нараторот добро знае на какви опасности се изложува и не му е тешко да разбере зошто постојано е прогонуван до безизлез; треба да се спречи по секоја цена да ја мине границата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
За решавањето на овој идеолошко-естетски проблем имав утешна варијанта: си велев во себе, ќе може да се избере класичен светски автор, но не домашен по секоја цена.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Морав да сведочам по секоја цена, да го допрам сопственото дно, минувањето низ синдромот на албанското самоуништување низ елиминирањето на троверјето како обележје низ милениумите на заедничкото истрајување.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но Луција не се согласуваше; ми парираше по секоја цена и велеше дека на нашиот фолклор не му е потребно никакво мундијално руво, дека треба само да се сочува народниот дух, да се чуваат, да се практикуваат и да се изведуваат народните обичаи, песни и ора, и дека тогаш таа музика ќе го надмине и џезот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сакав да ја најдам Луција, по секоја цена, да ја извикам настрана и да поразговарам со неа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И затоа, решивме, по секоја цена да не признаваме дека нашиот свет е фиктивен и дека е меур од сапуница.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Меѓутоа, како трезвен реалист, тој веднаш побарал од своите другари во Бугарија по секоја цена да пронајдат друг динамит и да го испратат во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
„Ете зошто, како што му кажав и на Гоце - рекол Мечето - ти изјавувам и тебе: ние сме решени по секоја цена да го спроведеме во дело нашиот план и нека од него и од други слични што би можеле да се извршат по градовите и пругите низ Македонија турската власт се држи постојано во напрегнатост, нека постепено се истоштува материјално и морално, од што ќе може да се види во која мера големите сили ќе бидат готови да ја преземат иницијативата за една интервенција.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Судот, се разбира, сакал по секоја цена да го открие вистинскиот идентитет на обвинетиот; дека се викал Павел Шатев, дека е од Кратово и дека е турски поданик.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Меѓутоа, сега, кога дошло времето за “арчење“, се поставило прашање дали тоа “арчење“ да биде по секоја цена.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сметајќи дека немањето пари е главна пречка за реализирањето на ослободителните планови Герџиков и Манџуков решиле до такви да дојдат по секоја цена.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И штом било така, требало по секоја цена да се исползува случајот што процесот ќе се разгледува од граѓански суд, на кој ќе биде присутна публика, новинари, како и некој од драгоманите или секретарите на европските конзулати во Солун, за да се каже вистината за движењето.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Негова најголема желба била, пишува Шатев „по секоја цена да не отстрани од Солун, па дури и да умреме во некаква затворска ќелија, само и само да не бидеме во Солун, каде што тој сакаше да биде спокоен за да ги спроведува своите цели како натрапен водач на едно движење на кое тој, поскоро му беше противник, а сега, по една случајност на сложените настани, беше станал раководна личност“74.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Поради немање бомби а и како приврзаници на идејата да не се гине по секоја цена, Милан Арсов, Георги Богданов и Марко Бошнаков не се изложиле на огинот на аскерските пушки и не се самоубиле. Меѓутоа, Орце и Коста требало да умрат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Затоа тие решиле по секоја цена да набават уште динамит.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Значи, ако не може да се докаже дека атентаторите биле испратени од Бугарија, тогаш требало по секоја цена да се докаже дека биле членови на Револуционерната организација или пак анархисти.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Се поставува прашањето: Зошто тој, кој бил против да се гине по секоја цена, дозволил да биде уапсен и да биде осуден на смрт?
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Желбата по секоја цена да му се одмаздат на Гарванов станала составен дел од дејноста на гемиџиите.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Требало да се истакне „храброста“ на војската и полицијата коишто успеале ладнокрвно да ги ликвидираат атентаторите (иако за нивното херојско однесување и загинување знаел целиот град) и по секоја цена, било преку прогласувањето дека тие, наводно, му припаѓале на „Македоно-бугарскиот комитет“ или преку „пронаоѓањето“ кај Коста документи, да се убеди домашната и странската јавност дека гемиџиите биле членови на „комитетите“ и дека имале врска со Бугарија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Основна причина што Орце, Коста, Мечето, Илија и Владо инсистирале да се гине по секоја цена била таа што тие сметале дека со својата смрт ќе ја афирмираат повеќе борбата за слобода на својата татковина отколку што тоа би го направиле со уривањето на згради и фрлањето на динамитни бомби по солунските улици и убивањето на непријателски војници.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Мечев, како што е спомнато понапред, добро се познавал со Дамета и сега, пред атентатите, сакал по секоја цена да се сретне со него.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Добиени се парите од Мис Стон, полицијата знае, а пак врховистите не спијат и сакаат по секоја цена владата да ги конфискува, за да не и се даде можност на Внатрешната организација да се засили и да биде посамостојна...“
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Бидејќи по солунските улици често го забележувал нивното движење, тој по секоја цена сакал да дознае со што се занимаваат овие млади велешани во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
За оние што тоа сакаат и понатаму да останат по секоја цена, таквото држење е неприфатливо.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Конверзијата во себе е за нив конверзија на другиот. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 85
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Другите, што ќе согледаат дека тоа “човечки” не е можно, имаат добра причина своето враќање кон корените да не го разберат како враќање кон изворното единство, туку како откривање на другиот во себе.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И сторете сѐ - по секоја цена таа да отиде в град и да се задржи таму колку што може подолго.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
А тие што имале искуства со пријавите во полиција или во институциите на системиштево што функционира исто како да не постои можат да ви раскажат колку е поголема фрактурата на ребрата која не е видлива и поради која само не можеш да дишеш, тие, одговорните за заштита од насилство во врски, кои имаат положено и посебен испит за одржување на семејството по секоја цена, толку поспремно ќе те дочекаат со зборовите: „Ајде невесто, оди си дома, не си ти ни прва, ни последна.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Дробач бр 1 Моиве комшии решиле да ме спарат по секоја цена, демек да ми најдат партнер, маж, дечко.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Дворјаните околу царот се погрижиле детето што ќе се роди по секоја цена да биде машко, зашто царот ги застрашувал со смрт ако не му се роди наследник.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Веднаш царот ја прегнал својата кочија и кинисал по царството да го бара својот вистински син.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Од оваа страна ќе ја водам пешадијата, а од оној рид ќе го изненадам непријателот со коњаниици.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Виктор по секоја цена настојуваше во болничкото сивило да внесе малку ведрина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Доста, доста! - Ѓорѓе по секоја цена сакаше да го смени водотекот на овој разговор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сите беа свесни дека Рада уште одамна ќе заминеше со Томо да не беше во прашање случајот со Ана, која по секоја цена го избегнуваше сместувањето во некоја психијатриска установа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Депресиво манијао“, со објаснување дека истата настанува како последица на недостаток на литиум во крвта, а кој мора по секоја цена да се прима секојдневно до крајот на животот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во плетката постоеја две можности, едната извлекување на материјална корист и втората, по секоја цена да не се дозволи заминувањето на Томо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Рада по секоја цена настојуваше да ја избегне оваа незгодна тема. Се обиде да возврати со прашање.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Решија да живеат опуштено, без постојаниот притисок по секоја цена да имаат дете.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во полицијата беше издадена наредба да се фати мртовецот по секоја цена, жив или мртов, и да биде најжестоко казнет, како пример за другите, и дури речиси успеаја во тоа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Нејзината непопустливост го принуди да се предаде.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога го беше зграпчил за врат, тој со повици ги викнал своите двајца другари, на кои им го препуштил да го држат, а самиот само за миг си ја беше пикнал раката в чизма за оттаму да си го извлече кутичето со тутун, и барем малку да си го освежи својот секогаш измрзнат нос; но тутунот, веројатно, бил од таков вид, каков што не можел да поднесе ни самиот мртовец.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но, не беше во право: таа се вратила кај своите родители и таму Сатурн ја побара, решен да ја врати по секоја цена.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Експресионистот по секоја цена настојува да се ослободи од „мамката наречена психологизам” (Хилер), иако, од друга страна, е принуден, особено во литературата, да користи барем минимум психологија за да ги оживотвори своите ликови.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Поточно, отфрлајќи ги обвинувањата дека со повладувањето на вжарените чувства и со прифаќањето на принципот на интензитет по секоја цена го прифатил расточувањето на формата, експресионистот самиот себе си ја доделува улогата на нејзин светлоносец.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Гробот на Ханибал се наоѓа во Хелеспонт (на Дарданелите), во Турција.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не по секоја цена, другар Сојузен.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој на крајот насобра песок околу гробот на Ханибал и продолжи во Тунис да живее со својата митска хронологија на историјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бургиба сакаше по секоја цена пепелта, посмртните останки да ги донесе во Картагина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мораше по секоја цена што побрзо да се стигне во амбасадата која се наоѓаше во Тунис, на 22 километра од Картагина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сакаше, по секоја цена, служејќи се со другите историски личности, да ја впише својата во вечната меморија на својот народ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сојузниот продолжи: Вие веројатно помислувате да ја продолжите дипломатската кариера?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Народите на Балканот, најмногу во XX век, по конечниот пад на Османската Империја, залудно настојуваа по секоја цена да го отстранат од нивното постоење сето она што било во нив турско.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Османското Царство со своето траење од речиси седум века покажуваше дека го почитувало и принципот на нужна толеранција меѓу народите, и покрај тоа што ја имало позицијата на владетел, освојувач.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но имаше и објективни познавачи на историјата кои ја застапуваа тезата дека и на самиот Балкан треба да се гледа како османско наследство, дури почнувајќи од самиот поим (балкан на турски значи шумовита планина).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Митологијата којашто ги зафати балканските историографии во втората половина на XIX и XX век, во времето на подемот на новите држави- нации, во голема мера ја деформира историјата на Царството чие постоење и цивилизациски обележја, кои често биле заеднички со истите народи, се настојуваше по секоја цена да се избришат од меморијата на народите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Решена да одам напред по секоја цена На полна месечина Во последна мена На моето присуство му нема смена, знаеш и сам А долу под мостот валкана река тече без срам Упатувам поглед да проверам дали чека на нашата судбинска средба Мерам, премерувам, двапати мери Еднаш скокај Нашево некогаш немаше споредба Минаа годините кога заљубени мислевме дека овде е вечноста овде е рај По силата на гравитацијата понесена дознавам дека овде всушност е нашиот крај 2005
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Кај тие безочни луѓе, што расправаа за нејзината судбина и за судбината на нејзиното дете како за предмети, кои по секоја цена треба да се исфрлат од нивната куќа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Го избакна уште повеќе крштеничето и стана, си киниса, решена по секоја цена да исткае и таа такво „чудо“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И најпосле, зошто да правам напори да се одржувам во животот по секоја цена? Заради тоа што треба да поживеам уште малку?
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Мораше, по секоја цена, да понесе неколку правни и адвокатски прирачници кои му беа неопходни за неговата адвокатска служба која, ако го послужеше среќата, ќе си ја продолжеше и преку границата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Реваншот на непокорните селани од кои мораше, по секоја цена, да се создаде работничка класа, беше жесток.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Оваа дива желба да го одржи вниманието по секоја цена и, како што тоа самиот го вели, да го создаде, а потоа да го сочува возбудувањето за да ја одржи напнатоста, ги прави неговите филмови многу посебни и неповторливи, бидејќи Хичкок врши влијание и доминира не само врз силните моменти во приказната, туку и врз сцените од експозицијата, во моментните сцени и врз сите инаку вообичаено неблагодарни сцени во филмот силно се чувствува неговиот „ракопис”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тој требаше да ја доварди и осмисли за музеј колекцијата на светот на Езерото на Игора Лозински, да ги издржи новите притисоци на тврдокорните сталинисти на чело со Јагулче Дримски, кои по секоја цена бараа да се изгради браната...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но, ако се прекине патот и се обнови по секоја цена, по десет, дваесет или триесет години, ќе стигнуваат, ако стигнат, други јагули со друг врежан код на сеќавање на своето езеро.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Луѓето беа обземени по секоја цена да ја напуштат родната земја.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Првин цената ја платија кулаците. Индустријализацијата по секоја цена, беше на прво место.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Плати му ги дрвата и по секоја цена најди му сол. Поздрав од сите! Горјан. “
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
(Им ветил дека ќе го сочува нивниот шеј по секоја цена). Татко ѝ тоа ѝ го рекол.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
1. Просветленост  Чекав стрпливо а кога стрпливо се чека промената доаѓа брзо времето е образ на душата  времето е обид човекот да се разликува од Бога по секоја цена
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ете, драги (“)маргиналци(“) еден од поискричавите дијалози од таа емисија која, рака на срце, често знае да биде и одвратно здодевна и неинвентивна, но тоа е андерграунд стратегијата: спонтаност по секоја цена.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ја сакаше славата но не по секоја цена: Сакаше чесно да биде славен!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Ги начулувам ушите и по секоја цена сакам да слушнам звук од мотор на автомобил, човечки збор или цивкање на стаорци од канализација.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Наредувам: по секоја цена! Отстапување нема....
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Наредувам, сто седми, по секоја цена да го браниш твојот сектор.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сега треба да го држите до крај по секоја цена.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Вера е трудна. Реши да лежи. Сака да роди по секоја цена. Ете, ќе имаме и внуче.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Во суштина тие не ми пречеа сè додека беа свои и достоинствени по секоја цена.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Никогаш не сум правела работи по секоја цена исклучиво за корист, тоа не сум јас.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Дада, пак, ме посоветува да пробам да бидам зрела и упорна за да се задржам како личност и да не ескивирам по секоја цена.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Толку беше внесен во филмот што по секоја цена сакаше да се оствари.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Но, знаев дека ситуацијата е алармантна, тоа не е нешто што се поднесува по секоја цена за да останам со некого кој нема трошка чувство ниту совест.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Се гледаше од авион дека сакаат да бидат победници по секоја цена.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Можеби му беше здодеано да се покрива кој е вистинскиот, па сега целата вистина за себе ја треснуваше на маса, а притоа јас и другите требаше да бидеме публиката која на тоа негово непријатно битие ќе му ракоплеска по секоја цена.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Не само тоа: од сесрце се трудиме тоа што го произведуваме по можност по секоја цена да биде јадица што секој ќе ја лапне при што ќе плати онолку колку што ние сакаме да му земеме.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На тој начин побрзо ќе стигне до својот сопствен стил и вкус.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
По секоја цена да си различен.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)