секој (зам.) - тревка (имн.)

Тој почна да вика гласно, да мавта со рацете, да се загледува во секоја тревка – и пак никој не свика по него, ниту пак се обиде да му објасни дека и тоа не смее да се прави.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Никогаш порано така не се загледувал во сè околу себе: во секоја тревка и билка, во секој цвет, во секое дрвце, лист, мов по корите на стеблата, семенките, па дури и камењата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Молежлива, блиска, маѓепсничка и волшебна, умилна, заносна и ожална, ту гласна ем тивка, мека и смирувачка, страстна и вдахновена, побожна и трогателна, заводлива и нежна, радосна и слатка, ветувачка и измамничка, се разлева по ливадата песната на штурците, го преполнува воздухот, проникнува под секоја тревка, прекинува колку за да присобере здив и одново се разлева, одекнува, тече, се шири, се издигнува и лета и постојано без прекин и престан моли: - дојди - дојди - дојди...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)