секој (зам.) - сцена (имн.)

Но, ниту тогаш, а ниту ние денес, ваквата појава не ја регистрираме како потреба да се успее на секоја сцена, туку, како недостаток на интуиција, талент и идеја на оние кои се задолжени за градење на репертоарот на театрите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Работните луѓе и граѓаните на наведената земја не само што алчно ја голтаа секоја сцена од таа мамутска серија, туку имаа потреба утредента да си ја прераскажат едни на други последната епизода, ко демек овие другиве да заспале пред телевизор.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
А тоа е сосема логично.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Неговото читање не бара примена и врз други мјузикли, а камоли врз други културни облици и ја губи поентата кога ќе се обопшти.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто, во повикувањето на емоциите на возрасниот гледач, секоја сцена ја преодигрува поделената лојалност со која првобитно се одликувала борбата на геј-детето (или, можеби, борбата на секое дете) за љубов и признание, неговите истовремени напори да биде спонтаниот предмет на мајчиното внимание и да има доволна моќ врз неа за да го наложи тоа внимание.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Милер не артикулира некоја општа вистина: тој го опишува конкретното значење на еден конкретен општествен облик.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сум го гледал едно стопати и на сон можам да ја изговорам апсолутно секоја сцена.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На овој крстопат во развојот на анализата на квир-културата, секое средство на машка геј-идентификација – секоја реплика, секоја сцена, секој филм и мјузикл, секоја дива – треба да се изучува со сета негова особеност, за да може да се разоткрие значењето на единствената формална структура што го сочинува. ‌Во тукашниов случај, доволно е да се забележи дека во Милдред Пирс навистина се работи за изведба, конкретно за изведба на мајчина згрозеност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој е специјалист, не за тој и тој вид на филм, туку за секоја слика, секој план, секоја сцена.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)