секој (зам.) - приказна (имн.)

Ете, скоро секоја приказна, па била таа за мечката стрвница или за крилатиот змеј, дедо Спасе ќе ја започне вака.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Но се случува понекогаш на Васко да не му се спие па после секоја приказна ќе го моли деда си: - Уште една, мала...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Го оживувам сеќавањето на секоја приказна од мојот живот без вина и каење, зошто нема за што да се жали, на крајот ќе ни биде мило што излегло како што е, тоа е вистината вредна за раскажување, јас сум единствен сведок на мојот живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
„Но, секоја приказна од животот, како приказна, е интересна,“ рече Ема Ендековска.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Без граѓа нема приказна, а и усните сведоштва се добри за секоја приказна.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Како и што е. Како и за секого. Како и секоја приказна! Судбина.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Едноставно речено: на вистината не смееме да и ги затвораме очите; јас сметам дека секоја приказна што се случила и веќе живурка треба да се здобие и со нозе.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа е општоважечко правило.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Овој разговор не го водевме истиот ден кога ја прашав за партизаните иако се случуваше тие разговори од минатото да се измешаат бидејќи мајка ми секоја приказна ќе ја прошеташе низ повеќе настани и слики па јас заскитував во тие случувања.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
"Што се чудиш", ми беше рекла еднаш без да ми објасни за какво чудење станува збор. (Веројатно и бев приговорил за измешаноста на настаните за кои расправавме).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И најнесфатливите нешта, (да не речам постојано, но по некое правило што од година во година се повторува), произлегуваат од сосема обични ситуации.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Нели, од сѐ може да се направи приказна, и секоја приказна содржи многу можности за да се престори живот?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)